Проданоски: Ќе го решиме проблемот со сообраќајниот хаос во центарот на Прилеп, обиколниците ,,Исток“ и ,,Запад“ се огромни капитални проекти

September 30, 2025
1 min read

Обновата е наш завет наша мисија. Заедно можеме со чесност и одговорност да обезбедиме сигурна иднина за нашите сограѓани. Не верувајте во празни цзборови, верувајте во дела. Ние ќе покажеме како чесно и одговорно се работи бидејќи имаме сила и визија за нови промени. Нашата програма не е само лист хартија и празно ветување. Тоа се реални проекти за подобар живот на прилепчани, посочи Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еден од најголемите приоритети претставува изградбата на обиколниците ,,Исток“ и ,,Запад“ современи сообраќајни решенија кои ќе ја променат иднината на Прилеп. Обиколницата „Исток“ во должина од 1,6 километри, и профил оф 5,5 метри ќе биде директна артерија што ќе ги насочи тешките товарни возила, надвор од срцето на градот. Таа ќе се протега од стариот пат кон вештачкото езеро, преку склештен мост се до клучката за новиот автопат. Со тоа ќе се растовари центарот, ќе се намали метежот и загадувањето, а прилепчани ќе добијат почист воздух и мирен сообраќај низ централното градско подрачје. Обиколницата ,,Запад“ е огромен капитален проект, долга 4,5 километри со модерен профил од 26 метри кој ќе опфати коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки. Новата траса ќе ја поврзе делницата од Мебел Венеција преку Варош па се до фабриката за Мермер на улица ,,Леце Котески“ и натаму до ,,Црн Бор“. На оваа траса ќе изградиме два надвозници и еден мост овозможувајќи безбеден брз и европски сообраќај за нашиот град. Со реализација на овие два проекти, ќе се реши еден од најголемите проблеми на Прилеп, сообраќајниот хаос во центарот. Но уште поважно, ќе се создатат нови можности за економски развој, бизнисот ќе добие полесен пристап до автопатот што значи нови инвестиции и отворање на нови работни места, рече тој.

Проданоски посочи дека сообраќајот е движечка сила на економијата, на кој му дава модерен и функционален облик.

-Растоварувањето на срцето на градот, е вистински избор за современ европски и успешен Прилеп. Нашата визија и цел се јасни, со посветеност чесност и трудољубивост продолжуваме по патот на развојот. Прилеп го заслужува тоа, направете го вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина, рече тој.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ѓорѓиевски: Нов асфалт, тротоари и паркинг за жителите на Кисела Вода

Следно

Тоневски: Нови патишта, инвестиции и долгорочен развој за општина Пробиштип

Latest from Blog

Николоски: Продолжуваат инвестициите во Неготино, во тек се проекти вредни над четири милиони евра

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Неготино, Марија Нацева, изврши увид во реализацијата на неколку значајни инфраструктурни проекти во општината.

Речиси 47,5 милиони денари промет на Берзата, најтргувани акциите на Универзална Инвестициона Банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 02.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.461,62 поени. Во однос

Општина Битола: Во тек реконструкција на улици, спортски игралишта и изградба на нов паркинг

Во Битола продолжуваат градежните активности на повеќе локации, со фокус на реконструкција на улици, унапредување на спортската инфраструктура и изградба на нови паркинг-простори. Од Општина Битола информираат дека во тек е комплетна

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп: По повеќе од 10 години исчистен просторот кај поранешната Зоолошка градина

Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп спроведоа темелна акција за расчистување на просторот во населбата Вишне 2, на локацијата каде што некогаш се наоѓала Зоолошката градина. Во рамки на акцијата беа отстранети
Go toTop