Мицкоски: Очекуваме убедлива и голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, СДС од 0 до 6 општини

September 29, 2025
1 min read

Нема да бидеме изненадени доколку имаме повеќе од 50 градоначалници, но очекуваната бројка е помеѓу 45 и 50, плус главниот град, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Мицкоски вели дека тоа е поголем број градоначалници во однос на изборите во 2021 година кога имаа четириесет и двајца. За резултатот на СДСМ, пак, рече дека согласно нивните анализи тие би добиле од нула до 6 градоначалнички места. За партијата Левица вели:

– Не очекувам да освојат. Затоа што Левица, таму каде што кандидира свои кандидати, во најголем дел, а тоа се скопските општини и во градовите Тетово, Гостивар и Струга, теоретски не може да добијат поголем број гласови од кој било друг што се натпреварува на тие избори. Јасна е нивната стратегија, дека тие треба да бидат прокси за Демократската унија за интеграција.

Во однос на бројот на гласови на советничките листи, Мицкоски вели дека во споредба со последните парламентарни избори на кои коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои околу 430.000 гласа на излезеност од над еден милион граѓани, сега очекува да има дисипација, зашто на гласачките ливчиња ќе има независни листи, но и партии кои со ВМРО-ДПМНЕ коалицираат на централно ниво, а во одредени општини ќе настапат самостојно.

– Се разбира дека гласовите на советничките листи се значајни и дека се некаков репер и патоказ, но очекувам да го освоиме тој процент помеѓу 40, 42-43 отсто од вкупниот број излезени гласачи. Тоа е во едно очекувано сценарио, иако кампањата сè уште не е почната, а очекувам дополнителна мобилизација од некој процент -кажа Мицкоски.

Премиерот очекува излезеност помеѓу 850.000 и 900.000 и се надева дека ќе освојат над 400.000 гласа, со што би оствариле историски најдобар резултат на локални избори.

Прашан дали нивните анализи покажуваат пад на поддршката за партијата од парламентарните избори до денес, тој одговори „не“ и оти, напротив, сметаат дека имаат добиено дополнителен потенцијал.

– Се разбира дека во одредени кругови во јавноста можеби постои незадоволство од динамиката на реализација и испораката на резултатите. Некој ќе каже пребавно се случува, некој ќе каже апсете го овој, некој ќе каже судете го тој. Но, ние како Влада и како коалиција сме тука да испорачаме резултати и да одиме напред, а не да одиме назад како што тоа се случуваше во изминатите години. Ние не сме обвинители ниту, пак, судии за да можеме некого да обвинуваме или да судиме. Ние можеме да направиме истрага и преку оние институции коишто ја вршат таа истрага да ја доставиме до Обвинителството. Од тој момент, па натаму правосудниот систем е тој што одлучува дали некој ќе биде приведен, апсен, суден и така натаму – рече Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ѓорѓиевски: Скопје има сила, дух и луѓе кои не се откажуваат

Следно

Науката за тајните на здравјето на стогодишниците

Latest from Blog

Џенифер Лопез: Многумина сè уште не ме гледаат како сериозна актерка

Во неодамнешно интервју, таа откри како отсекогаш се чувствувала како „аутсајдер“ во Холивуд, борејќи се со сомнежи за своите актерски способности. Борба за признание Како гостин во емисијата „CBS News Sunday Morning“

Науката за тајните на здравјето на стогодишниците

Луѓето познати како „суперстогодишници“ – кои живеат над 110 години, покажуваат извонредна способност да го одложат неизбежното. Подробна анализа на здравјето на една од највозрасните луѓе во светот, Марија Брањас, која живееше

Објавена имотната состојба на грчките политичари

Имотната состојба со годишните примања, акции и обврзници, депозити, кредити, недвижнини и сл, на грчкиот премиер, лидерите на партиите, пратениците и европратениците, градоначалниците и префектите, денеска беа објавени на официјалниот сајт на
Go toTop