Град во северна Италија воведува данок на куче

September 29, 2025
1 min read

Новата мерка ќе ги опфати и туристите кои доаѓаат во градот со своите миленици. Така, сопствениците-туристи ќе мора да плаќаат дневен данок од 1,50 евра по куче, додека тамошното население ќе издвојува годишен данок од 100 евра.

Како што е познато, ова не е прва ваква иницијатива – претходно, Болцано воведе барање за регистрација на ДНК од кучиња, за нечистењето измет да може да се казнува и до 600 евра. Патем, новата мерка е претставена од градските власти како начин за финансирање на чистењето на улиците и изградба на нови паркови за кучиња, но сепак, новиот трошок предизвика контроверзии. Дел од јавноста е загрижена од гласините дека кучињата би можеле да бидат забранети во обичните градски паркови. Советникот Луи Валкер објасни дека сопствениците на кучиња кои веќе ја регистрирале ДНК-та на своите миленици ќе бидат ослободени од новиот данок две години.

– Ова е фер мерка, бидејќи се однесува исклучиво на сопствениците на кучиња. Во спротивно, чистењето на тротоарите би било на трошок на целата заедница, рече Валкер.

Сепак, противниците предупредуваат дека оваа мерка „ги претвора животните во даночни обврзници“, како што рече Карла Роки од Националната агенција за заштита на животните. 

– Болцано си дава автогол со данокот на кучиња. Ваквите мерки испраќаат длабоко погрешна порака и непотребно ги казнуваат семејствата и туристите кои патуваат одговорно со своите миленици. Парадоксално е што во област што живее од туризмот, ги таргетирате токму оние кои избираат инклузивни и одговорни одмори со своите кучиња, изјави Роки.

Активистката предупреди дека потегот може да доведе до обесхрабрување на сопствениците и напуштање на животните. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мега талентот на Барселона потпиша договор со клаузула од 500 милиони евра

Следно

Мицкоски: Направи гп вистинскиот избор заокружи број 9

Latest from Blog

Америка вечерва ги нападна иранските сили во Ормуз, ИРАН ВОЗВРАТИ КОН АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВО ЈОРДАН (ВИДЕО)

Американските сили вечерва нападнаа ирански ракетни лансери на островот Ларак во Ормутскиот теснец, објавија американските претставници. Ова е првиот американски воен напад врз Иран во последниот месец. Два лансери управувани од членови

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи
Go toTop