Screenshot

Фазлиу: Ахмети ги продаде албанските интереси за српски капитал

September 29, 2025
1 min read

Беким Фазлиу, остро ја обвини ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети за, како што рече, најголемата политичко-финансиска афера во поновата историја на Македонија.

На прес-конференција, Фазлиу изнесе тврдења за „криминална и антиалбанска врска Мијајловски–Ахмети–Вучиќ“. Според него, семејството на Али Ахмети преку компанијата „АС Сењак“ минатиот месец продало пакет акции на белградската „Алта банка“, институција под директна контрола на режимот на Александар Вучиќ.

„Додека зборуваат за патриотизам, тие го продаваат економскиот интерес и ја внесуваат ‘српската агенда’ во срцето на банкарскиот систем на државата“, изјави Фазлиу, додавајќи дека истите акции претходно биле купени од Сашо Мијалков.

Тој побара одговори од Али Ахмети, како и од коалициските партнери Зијадин Села и Арбен Таравари, зошто молчат за ова прашање. „Холката е одговор. Сите се фатени во предавство на албанските национални интереси“, порача Фазлиу.

Според него, ДУИ престанала да биде политичка партија и се претворила во приватна компанија за богатење која денес функционира како „филијала на српските интереси во Македонија“.

Фазлиу нагласи дека „времето на лагите заврши“ и најави дека ќе продолжи да ја разобличува, како што рече, мрежата на коалиција меѓу ДУИ, Мијалков и Вучиќ.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Градевме во изминатите четири години, ќе градиме и во наредните четири

Следно

Опен АИ воведе безбедносни мерки за тинејџери кои ја користат алатката ЧетЏиПиТи

Latest from Blog

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Тоневски: Нов асфалт и тротоари за подобра сообраќајна безбедност во Пробиштип

Дел од улицата „Никола Карев“ во Пробиштип се реконструира за да се обезбедат подобри услови за одвивање на сообраќајот, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот предвидува целосно отстранување на стариот
Go toTop