Screenshot

Продановски: Прилеп е мојот град, ќе се борам за иднината на нашите деца

September 29, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Продановски, им се обрати на граѓаните со порака дека неговата кандидатура не е заради чест или титула, туку заради иднината на градот и неговите жители.

„Прилеп е мојот град. Тука сум пораснал, тука живеам, тука сакам да ја гледам иднината на моите деца и на сите наши деца. Тоа е мојата најголема причина да застанам пред вас“, истакна Продановски.

Тој порача дека да се биде градоначалник не значи само канцелариска работа, туку обврска секојдневно да се слушаат луѓето, да се чувствуваат нивните проблеми и да се бараат решенија со чесна работа.

 

„Тоа е обврска да обезбедиш чиста улица, осветлена патека, уредено маало и живот достоен за секој човек, во секој дел од нашиот град и населените места околу него“, рече Продановски.

Во своето обраќање тој подвлече дека Прилеп заслужува повеќе – нова енергија, поубави населби, нови работни места и можност младите да ја градат својата иднина во родниот град.

„Јас верувам во тоа и верувам во вас. Ако застанеме заедно, можеме да ја претвориме надежта во реалност. Со вашата доверба, ќе работам со цело срце и со цела сила. Знам дека Прилеп може подобро. И знам дека заедно ќе го направиме тоа“, порача Продановски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Скопје ќе блесне за три дена, ќе ги вклучам сите општини

Следно

Светскиот Македонски Конгрес со реакција на обидите за бришење на македонскиот идентитет во Албанија

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop