Началникот на Генералштабот на Армијата, Сашко Лафчиски, учествува на Конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Рига, Летонија

September 27, 2025
1 min read

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествува на редовната годишна конференција на Воениот комитет на НАТО (MCC), што се одржува во Рига, Република Летонија, соопштија од Генрралштабот на АРМ.

На конференцијата присуствуваат началници на генералштабови од земјите членки на НАТО, како и високи претставници на Алијансата, меѓу кои претседавачот на Воениот комитет, адмирал Giuseppe Cavo Dragone, Врховниот командант за операции (SACEUR), генерал Alexus G. Grynkewich, и Врховниот командант за трансформација (SACT), адмирал Pierre Vandier. Генералот Лафчиски ја потврди посветеноста на Република Северна Македонија кон зајакнување на колективната одбрана и стабилноста во регионот, како и континуираната поддршка за Украина. Тој истакна дека земјата ќе продолжи со учество во активности за одбрана на источниот дел на Алијансата и ќе вложува во унапредување на својата оперативна подготвеност преку модернизација на Армијата и обука. Во контекст на актуелните безбедносни предизвици, генерал Лафчиски ја изрази цврстата солидарност со Полска и Естонија во врска со неодамнешните кршења на нивниот воздушен простор од страна на Руската Федерација. Тој оцени дека овие дејствија претставуваат сериозно нарушување на меѓународното право и закана за регионалната безбедност и источното крило на НАТО, и истакна поддршка за сите мерки што НАТО ги презема за да обезбеди колективна безбедност. Работните сесии се фокусираа на имплементацијата на одбранбените планови, поддршката за Украина, како и адаптацијата на Алијансата кон новите безбедносни предизвици и технологија. Конференцијата ќе заврши со заедничка прес-конференција на претседавачот на Воениот комитет, адмирал Giuseppe Cavo Dragone и началникот на Генералштабот на Националните вооружени сили на Република Летонија, генерал мајор Kaspars Pudāns. Воениот комитет се состанува во формат на Началници на генералштабови (MC/CS) двапати годишно (во јануари и мај) во седиштето на НАТО во Брисел. Дополнително, еднаш годишно, една од земјите-членки е домаќин на специјална конференција, на која повторно се собираат сите 32 началници. Во текот на годината можат да се свикуваат и вонредни состаноци, доколку се процени дека е потребно. Воениот комитет се состанува за да дискутира за операции, мисии, вежби, способности на НАТО и други релевантни теми, истакнаа од ГШ.

Неговата главна улога е да обезбеди на Северноатлантскиот совет неограничен, консензус-базиран воен совет за тоа како Алијансата најдобро да се справи со глобалните безбедносни предизвици. Секојдневната работа на комитетот ја спроведуваат Воените претставници на земјите-членки, сместени во седиштето на НАТО во Брисел, додаваат од ГШ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Биљал Касами: Али Ахмети е финансиски партнер на Александар Вучиќ

Следно

Како да слабеете и истовремено да билдате мускули?

Latest from Blog

Скандал во Пустец: Бугарски лекари поставија знаме во државната амбуланта

Бугарски лекари со бесплатни прегледи во Оштина Пустец си поставија бугарско знаме, од македонското и албанското ни траг. Иако акцијата има хуманитарна цел, дел од жителите на Пустец за медиумите изјавија дека

Весна: Синот не сакаше да ги гледа моите порно снимки но, ДОЈДЕ ДА ПРАША КОЛКУ СМЕ ЗАРАБОТИЛЕ ОД ТОА

Најпознатата еротска манекенка на Југославија, Весна Почуча Шана, отворено зборуваше за предизвиците со кои се соочува како мајка која се справува со експлицитна содржина. Една од главните теми беше односот на Весна

Детално сведочење: КАКО СЕ СОБИРААТ И РАЗМЕНУВААТ ПАРТНЕРИ СВИНГЕРИТЕ… Но, има и спорни моменти

Поранешната манекенка и актерка откри необични искуства од светот на свингерите, од неочекувани шлаканици, до бурни љубоморни сцени и неверојатни масовни оргии. Зои Греј од Лондон отворено ги сподели своите најекстремни искуства
Go toTop