Коњановски: Со уметност и инвестиции ја збогатуваме Зоолошката градина во Битола

September 27, 2025
1 min read

Учениците од ОУ „Елпида Караманди“ денеска ја претставија својата креативна акција во Зоолошката градина во Битола, каде што изработија шарен и инспиративен мурал, посветен на љубовта кон природата и животните.

Градоначалникот Тони Коњановски, заедно со директорката на училиштето, наставниот кадар и директорот на Зоолошката градина, присуствуваа на промоцијата на уметничкото катче создадено од младите битолчани. Муралот, подготвен под водство на наставничката по ликовно образование, беше збогатен со обоени отисоци од рацете на учениците и присутните, како симбол на заедништво, грижа и љубов кон животната средина.

За време на посетата, претставниците на локалната самоуправа разговараа со раководството на Зоолошката градина за тековните активности и идните планови за развој. Коњановски најави два значајни проекти кои ќе се реализираат со поддршка од Унгарскиот кредит преку Владата на Република Македонија: изградба на ново живеалиште за копитари во вредност од 9.634.336 денари и изградба на современ терариум во вредност од 8.994.667 денари.

 

„Со овие инвестиции, Општина Битола вложува во подобрување на условите во Зоолошката градина, создавање современ простор за животните и овозможување на поквалитетно, едукативно и забавно искуство за сите посетители“, изјави градоначалникот Коњановски.

Зоолошката градина во Битола останува едно од најпосетуваните места во градот, а со новите содржини ќе добие уште поголема атрактивност и значење за граѓаните и туристите.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ планира укинување на правилото за согласност за интернет „колачињата“

Следно

Судот во Сирија издаде налог за апсење на поранешниот претседател Башар ал Асад

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја

Барселона го официјализираше хрватскиот голман

Фото: ФК Барселона Х Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ сега е играч на Барселона, официјално објави клубот. Ветеранот успешно ги помина медицинските прегледи во последните часови, а денес клубот го потврди неговото потпишување.

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

 Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си. Починале од изложеност на екстремни температури Отворајќи ја истрагата
Go toTop