Една од легендите на Барселона до крајот на годинава заминува во пензија

September 26, 2025
1 min read

Серхи Бускетс потврди дека ќе се пензионира од активниот фудбал на крајот од сезоната.

Договорот на 37-годишниот поранешен дефанзивен играч од средниот ред на Барселона и екипата на Интер Мајами е до 31 декември 2025 година. Тоа значи дека Бускетс ќе ја заврши кариерата во ноември или декември.

„Ви благодарам од дното на моето срце на сите и на фудбалот за сè. Секогаш ќе бидете дел од оваа прекрасна приказна“, напиша Бускетс.

Со шпанската репрезентација, Бускетс ги освои Евро 2012 и Светското првенство 2010. Со Барселона трипати ја освои Лигата на шампионите и деветпати Ла Лига. Во 2023 година го освои Купот со Интер Мајами.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бурата Буалои ги погоди Филипините, најмалку четири лица загинаа, десетици илјади се евакуирани

Следно

Николоски: Меџити фаворит во Чаир, Ѓорѓиевски со сигурна победа во Скопје

Latest from Blog

Јувентус има нов голман, полски репрезентативец

Голманот на Волфсбург, Камил Грабара, ја продолжи кариерата во Јувентус. Според најновите информации, двете страни ја потврдиле соработката. 27-годишниот полски репрезентативен голман заминува во Торино со опција за откуп за 12 милиони

Трамп нареди да се спуштат знамињата низ САД во чест на починатата Доли Партон

Легендарната американска кантри пејачка, актерка и хуманитарка Доли Партон почина денеска на 80-годишна возраст, потврди нејзината придружба. За време на кариерата што траеше речиси шест децении, Партон стана една од најпрепознатливите личности

Проданоски: Земјоделците од Мажучиште и Коњари нема да бидат оставени сами

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град. Невремето предизвика сериозни
Go toTop