Грозданов во изборна трка за Кочани: Докторот кој сака да биде градоначалник за подобро утре на убавиот град кој доживеа трагедија

September 23, 2025
2 mins read

Владко Грозданов е доктор специјалист гинеколог–акушер во Кочани. Тој добро го знае секојдневието на своите сограѓани, во постојан контакт е со нив, како службено така и приватно. Нивните проблеми и очекувања, како и нивната болка ги споделува со нив и ги доживуваат заедно.

Мотивацијата Кочани да биде подобро место за живеење е причината поради која влегува во градоначалничката трка на локалните избори кои следуваат. Во интервју за КУРИР со него зборуваме за кандидатурата, очекувањата, предизвикот, поддршката од владејачката коалиција. Го отворивме и најтешкото прашање: Што по огромната трагедија од која беше и лично, семејно засегнат?

КУРИР: Како доктор специјалист гинеколог–акушер со повеќе од 20 години работно искуство влегувате во изборната трка за градоначалник на Кочани. Која беше вашата мотивација да го прифатите ваквиот предизвик?

Грозданов: Не само како доктор во мојата професија, но пред сè како човек сум сакал подредени нешта, педантност во работата, посветеност и човечност кон секој, вложување на максимум за подоброто на некој кој е во мака за да некогаш ти се врати со добро. Човек кој прави добри дела, кој не злоупотребува и се држи до некакви правила и норми не знае кога ќе биде удостоен во определен момент. Токму тој момент ми даде мотивација, токму оваа ситуација во која се наоѓа моето гратче и желбата за подоброто утре за секој од нас.

КУРИР: Ќе бидете натпартиски кандидат, но добивте поддршка од владејачката коалиција. Колку за вас е важна ваквата поддршка?

Грозданов: Натпартиски кандидат е формулација која точно така е подржана од владеачката коалиција, но секако и најважната поддршка од општата народна маса. Поддржан од владејачката коалиција, но поддржан и од својот народ. Владејачката коалиција е таа која го цени гласот на народот, која го цени општественото мислење и која победува поради тоа. Тие бараат кандидат чесен, достоен, човечен,  почитуван и без црно политичко минато.

КУРИР: На локалните избори ќе се соочите со 5 противкандидати. Што е тоа кое вас ве разликува од нив? Зошто сограѓаните треба токму вас да ве изберат за градоначалник на Кочани?

Грозданов: Моите политички противкандидати се луѓе од мојот град, мои пријатели, мои познаници, мои сограѓани со кои секојдневно се среќавам и имам сосема коректни односи со нив. Во ниту еден момент нема да си дозволам да искажам било каква навреда, лош збор или било што друго кое ќе ме доведе до ситуација да утре не можам да се поздравам со нив. Моите кочанчани се доволно свесни, ќе размислат, ќе ги стават сите околности предвид и ќе донесат одлука на кого ќе го дадат својот глас по сопствено убедување и разум.

КУРИР: Кои се најважните проекти кои ќе бидат дел од вашата предизборна програма со која ќе ја побарате довербата од граѓаните на Кочани?

Грозданов: Проектите се многу, пишани се на многу страни во мојата програма, но најважно е да ги реализираме. Јас не сум човек кој многу ветува, но сакам да сум човек кој многу исполнува.

КУРИР: На овој прекрасен град годинава му се случи голема трагедија која ја зави цела Македонија во црно. Бевте и лично засегнат. Каков е денес животот во Кочани по кобниот 16-ти март и што сметате дека мора да се преземе за таква трагедија никогаш повеќе да не се повтори?

Грозданов: Трагедијата која ја зави цела Македонија во црно е нешто кое никогаш нема да излезе од нашите глави. Никогаш со децении и векови понатаму ова нема да се заборави. Ова е катастрофа од огромни размери. Сето тоа што нашиот менталитет го прави, да се избегнат правила, да дојдеме до некоја цел, а по можност да го заобиколеме законот, да мудруваме, а да глумиме чесни, ни се удри толку силно од глава што нема да може да се опоравиме години и години. Кога ќе го смениме нашиот начин на живот, кога ќе ги почитуваме законите и правилата, кога ќе бидеме општествено одговорни – е тогаш може да почнеме од нула. До тогаш сме длабоко под дното и само одговорно не кон било кој, туку кон самите себе може да продолжиме да барем по 1 % напредуваме. Во спротивно треба да си признаеме дека сме немоќни да си управуваме со самите себе.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Посебен дар или проблем – способност за ментално патување низ времето што ја поседуваат само стотина луѓе во светот

Следно

Дневен хороскоп за 23 септември 2025 година

Latest from Blog

Ана Брнабиќ во Киев: Србија ќе ја поддржи Украина на патот кон Европската Унија

По средбата, Брнабиќ изјави дека двете земји имаат повеќе области во кои успешно соработуваат, но дека постои простор таа соработка да биде „уште поинтензивна“. Таа порача дека Србија ќе ѝ помогне на

Волфсбург остана без тренер

Пол Симонис повеќе не е тренер на екипата на Волфсбург. Менаџментот на тимот се одлучи за ваков потег поради лошите резултати на тимот во актуелната Бундес лигашка сезона. Симонис пристигна летоска во

ВИДЕО: Експлозија во близина на Црвената тврдина во Њу Делхи, најмалку осум мртви

Најмалку осум лица загинаа во експлозија во близина на иконската Црвена тврдина во густо населена област на индиската престолнина Њу Делхи, соопшти градската полиција. Локалните медиуми прикажаа слики од пламен и чад

Нов успех на Димовска: Претседателката на Основен кривичен суд избрана за Агент на промени

Во тримесечниот Извештај во рамките на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор на Република  Македонија (2021–2026), спроведувана од Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДЦАФ), за Агент на

Коњановски во Битола ќе ги намалува управните одбори во јавните претпријатија

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, им наложи на директорите на јавните претпријатија да достават конкретни предлози за намалување на управните одбори, со цел рационализација на трошоците и поефикасно функционирање на институциите.
Go toTop