Почнува Европската недела на спортот

September 23, 2025
1 min read

Со бројни спортски и рекреативни активности од денеска до 30 септември во земјава ќе биде одбележана Европската недела на спортот. Земјава, како дел од европската иницијатива за промоција на спортот и физичката активност – European Week of Sport (EWoS), и оваа година активно ќе учествува во имплементација на проектот преку низа активности со кои ќе се пренесе пораката за здрав и активен живот.

Отворањето на настанот е денеска во 17 часот во ОУ „Кочо Рацин во Скопје“. Првиот дел од програмата ќе биде одбележан со атлетски трки за сите возрасти, велосипедски трки, тимски спортови и игри, забавна програма, фитнес и рекреативни работилници, активности за деца и семејства.

Вториот настан во рамки на Европската недела на спортот ќе се одржи во петок на Средно Водно и ќе опфати отворени спортски станици со тренинг зона, натпревари во баскет 3х3 и фудбал 3х3 и рекреативно искачување до врвот на Водно.

Активностите ќе бидат заокружени на 27 септември со настанот BeActiv Night на Кеј Македонија во Охрид со натпревари во баскет 3х3, ракомет, пинг-понг и стрелаштво, фитнес и аеробик зона, доделување на награди и прогласување на победниците.

-Оваа година е особено значајна во реализацијата на проектот бидејќи се одбележува една декада од оваа инцијатива на Европската комисија која инспирира илјадници луѓе да бидат активни и да ја почувствуваат енергијата на спортот и на заедништвото, велат од Министерството за спорт.

Европската недела на спортот (EWoS) е иницијатива на Европската комисија со цел да ја поттикне физичката активност, рекреацијата и здравиот начин на живот кај граѓаните од сите возрасти. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Том Холанд доживеа потрес на мозокот за време на снимањето на новиот „Спајдермен“

Следно

Ги славиме светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop