Дали гробницата на Клеопатра е на дно на морето- научниците се близу до историско откритие

September 22, 2025
1 min read

Имено, експедиција на истражувачи, предводена од Кетлин Мартинез од Универзитетот Санто Доминго во Доминиканската Република, откри потонато пристаниште на длабочина од 12 метри, околу три километри од брегот на древна Александрија.

Древното пристаниште крие тајни

Споменатото место, според археолозите, би можело да биде клучен показател за пронаоѓање на изгубената гробница на Клеопатра и Марко Антониј.

Новите откритија сугерираат дека античкото пристаниште некогаш било поврзано со градот Тапосирис Магна, на околу 50 километри од Александрија.

Овој антички град е дом на храм посветен на египетскиот бог на смртта – Озирис, што дополнително ги „потхранува“ теориите дека тука би можел да биде погребан последниот владетел на Египет, објавува Дејли Меил.

Потонато пристаниште е откриено од истражувачки тим во соработка со познатиот океанограф Боб Балард, познат по пронаоѓањето на остатоците од Титаник.

Каде е погребана кралицата Клеопатра?

Според египетското Министерство за туризам и антиквитети, кое ја објави спектакуларната вест на социјалните мрежи, на локацијата има столбови, мермерни подови и расфрлани амфори – садови што некогаш се користеле за складирање вино – што укажува дека имало значителна активност во пристаништето.

„Само е прашање на време кога ќе ја пронајдеме гробницата на Клеопатра. Никој не го видел ова 2.000 години. Ние сме првите“, рече таа.

Клеопатра VII, која владеела со Египет од 51 до 30 година п.н.е., е позната по својата интелигенција, политички вештини, но и по својата заводливост со која успешно влијаела врз најмоќните мажи од тоа време – меѓу нив Јулиј Цезар и Марко Антониј.

Нејзината бурна романса со Антониј завршила трагично – двајцата извршиле самоубиство по нивниот пораз од Октавијан, идниот римски император Август. Историските записи укажуваат дека биле погребани заедно, но точната локација на нивната гробница останува мистерија до ден-денес.

Археолозите се приближуваат до гробницата  

Доколку новите откритија во потонато пристаниште навистина укажуваат на поврзаност со Тапосирис Магна, светот би можел да биде на работ на едно од најголемите археолошки откритија на 21 век!

Порано оваа година, Кетлин Мартинез, која речиси две децении го бара последното почивалиште на египетската кралица, објави откривање на импресивен тунел длабоко под градот Тапосирис Магна.

Тунелот, кој е опишан како „геометриско чудо“, е мапиран на длабочина од 13 метри и е ископан низ неверојатни 1.305 метри чист песочник.

Експертите истакнаа дека станува збор за „инженерско чудо“, дури и според денешните стандарди, а особено фасцинантно е што структурата е изградена во античко време.

Внатре е пронајден правоаголен блок од варовник и неколку парчиња грнчарија, а потоа Мартинез ја најави следната фаза од истражувањето – вклучувајќи подводни археолошки ископувања во Средоземното Море.

Какви фасцинантни откритија нè очекуваат во блиска иднина, останува да видиме.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Златна топка“: Јамал пристигна на церемонијата, претходно си резервирал ексклузивен ресторан за прослава! (ВИДЕО)

Следно

Стаменкоска Трајкоска: Нашите сограѓани очекуваат да се продолжи со сериозни и одржливи решенија, а ние сме подготвени да ги понудиме

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop