ФФМ: Донираната опрема е бесплатна – секое плаќање е незаконско

September 22, 2025
1 min read

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги известува родителите дека целата опрема која беше донирана на клубовите за младинските категории е бесплатна и не смее да се наплаќа.

Од Федерацијата добиле информации дека некои клубови сепак бараат надомест од родителите за опремата, што е целосно спротивно на условите на донацијата. ФФМ апелира до родителите веднаш да пријават секој обид за наплата на опрема.

„Нашата цел е младите фудбалери да имаат фер услови за развој, без дополнителен финансиски товар за семејствата“, се наведува во соопштението.

На линкот https://shorturl.at/VhpiK е објавен списокот на клубови кои ја добиле донацијата. ФФМ ќе продолжи да ја следи ситуацијата и ќе интервенира за да ја заштити секоја млада генерација фудбалери.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Патник носел човечки останки во багажот- цариниците не можеле да поверуваат за што му служеле коските

Следно

Овие три хороскопски знаци не знаат да штедат

Latest from Blog

ФИФА ќе отвори истрага за прошталниот меч на Меси?

Прошталниот настап на Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација би можел да добие неочекуван пресврт. Во јавноста се појавија наводи за можна истрага на ФИФА поврзана со натпреварот меѓу Аргентина и

Божиновска: Пред студентите во Виена ги претставивме приоритетите на македонската енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија, на кое разговараше за енергетската иднина на Македонија и предизвиците со кои се соочува секторот.

ПРЕМИЕРОТ ПОПУШТИ ПРЕД БАРАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ – Итно ангажирани 3.000 наставници

Француската влада конечно попушти под притисокот од двонеделните масовни ученички протести кои ја потресоа земјата – премиерот Себастиен Лекорну најави итно ангажирање на повеќе од 3.000 наставници во училиштата кои се соочуваат

Ligji për Specialen: Çfarë pritet më tutje?

Kuvendi i Kosovës i miratoi më 6 tetor ndryshimet në Ligjin për Dhomat e Specializuara dhe Zyrën e Prokurorit të Specializuar, pasi katër ish-krerë të Ushtrisë Çlirimtare të Kosovës u dënuan më
Go toTop