Screenshot

Коњановски: Продолжуваме со инфраструктурни проекти за Битола каква што ја сакаме

September 22, 2025
1 min read

Битола – Изградбата на улицата „Крушевска Република“, долга 490 метри, значително ја подобрува сообраќајната инфраструктура во населбата АРМ. Улицата го поврзува сообраќајот од „Македонска фаланга“ со останатите улици во новата населба, овозможувајќи побрз и пократок пристап до античкиот локалитет Хераклеа и до граничниот премин со Грција.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека со новата улица се растеретува сообраќајот на улицата „Партизанска“, додека од друга страна се подобрува поврзаноста на сите објекти во АРМ.

„Приоритетите на граѓаните се наша основна заложба! Продолжуваме со работа, за Битола каква што ја сакаме“, изјави Коњановски.

Со оваа инвестиција, улицата „Крушевска Република“ станува една од клучните сообраќајни артерии во градот, која ја поддржува урбаната поврзаност и развојот на населбата.

Видеото може да го погледнете тука

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Планинарите ќе уживаат побрзо и посигурно со новото јаже на Пелистер

Следно

Јаневска: Учебниците што им недостигаат училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop