Америка има војна што ја заборави, а мора да ја води

March 9, 2023
3 mins read

Не само што од предозирања секоја година умираат над 100.000 Американци, што е повеќе од бројот на Американци што загинуваат во најкрвавата година од Втората светска војна, туку злоупотребата на дроги сериозно задира и ги зголемува трошоците на здравствената заштита, правосудството, губењето на продуктивност и социјални и семејни служби.

„Во анализа од 2017 се проценува дека вкупната цена на американската епидемија на наркотици изнесува над 1.000 милијарди долари годишно, или 5% од БДП-то на земјата,“ пишува во својата колумна за Вол стрит журнал, поранешниот американски министер за правда, Вилијам Бар.

Тој објаснува дека речиси сите наркотици што влегуваат во САД се контролирани од мексикански картели, посебно на картелите од Синалоа и Халиско, кои Бар ги споредува со паравоени организации кои веќе имаа создадено држава во држава контролирајќи огромни територии од Мексико. Овие картели се станати толку моќни што отворено и парираат и се конфронтираат со мексиканската влада.

Ваквата ситуација според Бар може да се реши само со агресивен удар на шверцот на дрога директно на неговиот извор.

„Главата на змијата е во Мексико, и таму треба да биде насочен нашиот главен удар,“ порачува Бар, кој потсетува на успесите од заедничките акции што ги имаат американската и колумбиската влада во 1990-те во борбата со Меделин и Кали картелите.

Освен Фелипе Калдерон (2006-2012), никој друг мексикански претседател од 2000-та до денес се нема целосно посветено на борба против картелите, како политички така и воено. Според Бар денешната ситуација во земјата е катастрофална што е вина на актуелниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор (АМЛО), кој кога доаѓа на власт објавува дека ќе се префрли на политика на „прегратки, а не куршуми“ и ја прекина соработката со САД во борбата против наркотиците.

„Во реалноста, АМЛО не е волен да преземе мерки со кои сериозно ќе им се спротивстави на картелите. Тој ги штити нив со постојано повикување на сувереноста на Мексико за да го спречи САД да преземе ефективни мерки.

Американците треба да бидат гневни на ваквиот став. Според меѓународно право, владата има должност да осигура дека вакви групи нема да ја користат нејзината територија за извршување напади на нејзините соседи. Ако владата не е волна или не е способна да го направи тоа, тогаш државата кој е нападната го има правото да презема директна акција за елиминирање на заканата, со или без одобрение од тамошната влада,“ предупредува поранешниот министер за правда.

Во одбрана на АМЛО, Бар објаснува дека дури тој и да е решен да направи нешто против картелите, самиот државен апарат не би можел да го поднесе тоа, прво заради масовната корумпираност, второ затоа што 95% од сите насилни злосторства во земјата минуваат неказнето, трето затоа што картелите се претворени во сериозна паравоена формација која може да и се спротивстави на мексиканската армија.

„Во октомври 2019 кога мексиканските војници влегоа во Синалоа и го уапсија синот на Ел Чапо, тие беа опколени од 700 војници на картелот опремени со оклопни возила, ракетни фрлачи и тешки митралези, па војската беше присилена да го ослободи својот затвореник.

Во јануари оваа операција беше повторена но овој пат со 4.000 војници и воздушна поддршка. Откако го уапсија синот, војската само се повлече оставајќи ја целата армија на картелот недопрена и слободна и понатаму да ровари низ Синалоа,“ потсетува Бар.

За Бар решението на сето ова е многу поагресивно учество на Америка на територија на Мексико од кога и да е до сега, како вооружено така и разузнавачко, вклучително и одредени воени капацитети. Второ, издигнување на картелите на ниво на закана за националната безбедност на САД, а не само кривичен проблем.

„Овие нарко-терористички групи многу повеќе се како ИСИС отколку како американската мафија. Терање судски постапки случај по случај може да биде дел од вкупната операција, но единствен начин тие да се поразат е да се искористи секоја алатка што ја имаме на располагање во Мексико.

Самото тоа што картелите ќе ги прогласиме за терористички групи нема ништо да промени. Вистинското прашање е дали сме волни да ги гониме како што би гонеле терористичка група.

Целта не е совршено Мексико. Нашата цел мора да биде деградирање на картелите до ниво на кое мексиканската влада ќе може да ја наметне својата волја врз нив и ќе може да ги држи под контрола. Не можеме да дозволиме да се фатиме во стапицата на ‘градење нација’. Обидите да ги реформираме мексиканските институции и да ја совладаме сеприсутната корупција нема никаде да не доведат се додека картелите ја имаат доминацијата…

…Не можеме да прифатиме на границата да имаме пропадната наркодржава, која им дава засолниште на наркотерористички групи што го таргетираат американскиот народ,“ порачува Бар.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Во Драмски театар Скопје почнаа пробите за комедијата „Кафез кај кокони“

Следно

(ВИДЕО) Стигна најавената помош од ЕУ – 80 милиони евра за справување со кризата

Latest from Blog

Во Албанија за една деценија 112 илјади ученици помалку

– Податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека во 2015 година имало 362 илјади ученици во предуниверзитетско образование, додека во учебната 2024-2025 година 250 илјади. 112 илјади ученици помалку во предуниверзитетско

Инцидентите во Белград синоќа стигаат на наплата: Србија ја пречекува Албанија пред празни трибини?

Репрезентацијата на Србија синоќа на домашен терен на „Рајко Митиќ“ доживеа дебакл од 0:5 против Англија во рамките од новото коло од квалификациите за следниот Мундијал. Се случија неколку инциденти на самиот

ВИДЕО: Воз што превезувал гас експлодираше во главниот град на Литванија

Вилнус, главниот град на Литванија, денес издаде наредба за евакуација на жителите во радиус од еден километар од железничката станица, откако воз што превезувал течен нафтен гас (LPG) се запалил и експлодирал

Успешно завршен проект за водоснабдување на ул. „Сру“ во Битола

Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола успешно го заврши проектот за изградба на нова водоводна линија на улицата „Сру“ бр. 5. Во рамки на проектот се поставени современи полиетиленски цевки со нови

Формиран е Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се предвидува дополнителна алка на врвот на координациската структура, покрај Националната комисија за
Go toTop