Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи

September 13, 2025
1 min read

Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни заболувања, мали деца, стари лица и бремени жени се советуваат да избегнуваат активности на отворено. Кога е неопходно движење на отворено во области кои се во непосредна близина на опожарени места, да се користат соодветни маски. Ова се дел од препораките од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани во случаи кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи.

Како што информира Министерството за здравство, во подрачја каде постои ризик од загаден воздух, да се остане внатре и да се затворат прозорците и вратите, особено во подрачјата на непосредна близина на места каде има активни пожари, како и подрачјата кон кои ветерот го насочува чадот. Да се исклучи вентилација и климатизациски системи што вовлекуваат надворешен воздух за да се спречи навлегување на чад и загадувачи во просториите.

Се препорачува редовно да се следат официјалните информации и ажурирањата за квалитетот на воздухот.

– Установите за згрижување на стари лица да преземат мерки за минимизирање на изложеноста на отворено кај оваа ранлива група. Да се воздржи од контакт или приближување до отпад од т.н. погодени подрачја се додека не се добие официјална дозвола за пристап. Да се почитуваат сите инструкции од јавноздравствените институции и службите за итна помош, како и насоките за евентуална евакуација ако тие се препорачани од компетентна надлежна институција. Овие мерки имаат за цел да ги намалат непосредните здравствени ризици и да обезбедат заштита на заедницата, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Кралевите“ победуваат и со десетмина: Мбапе за победички Реал (ВИДЕО)

Следно

Градоначалникот Коњановски во директен дијалог со жителите на урбаните заедници

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп го добива својот прв меѓународен фолклорен фестивал

Со богата фолклорна програма и учество на ансамбли од повеќе држави, Прилеп го најавува првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“, кој има амбиција да стане нова препознатлива туристичка и културна содржина на

Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ: „Нашата водилка е Евангелието“

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) реагира на неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“. Реакцијата на Синодот доаѓа

Евакуација во Германија поради сомнителен експлозивен пакет на железничка станица

Железничката станица во Тројхтлинген, во јужната германска покраина Баварија, и околните згради беа евакуирани во понеделник како мерка на претпазливост откако на шините беше пронајден сомнителен предмет за кој полицијата се сомнева
Go toTop