Мицкоски: Апасиев и Мециновиќ си префрлале пари од партиската сметка на Левица

September 12, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за опозициски прашања покажа документи и списоци за коишто рече дека ги добиле од свиркачи во врска со партискиот објект на Левица и од кои исто така, како што кажа, се гледа дека претседателот на Левица Димитар Апасиев и кандидатот за градоначалник на Скопје на оваа партија си префрлувале пари од сметката на Левица.

Мицкоски прочита извадок од записник како Апасиев информира партиски членови за купувањето на објектот на поранешниот хотел „Опера хаус“ за 250.000 евра, оти се работи за четири нивоа и дека два – три месеци се преговарало со Унибанка.

– Демантиравте дека имавте врска со ова еднаш кога ја отворив оваа тема и тогаш велевте не е тоа така, ова е скромно местенце, толку квадрати итн, итн… а овде гледам дека сте полн со себе па во јавноста веќе кога се обидувавте да шпекулирате и да лажете. Треба да и дадете одговор на јавноста кога бевте Димитар Апасиев кој ја зборуваше вистината – тогаш или кога излезе овој записник пред вашите во ЦК, рече Мицкоски.

Кога сме кај злоупотребите во Левица, рече премиерот, свиркач до нив исто така доставил список на трансакции во кој, како што кажа од собраниската говорница, има стотици трансакции на пари префрлани од политичката партија Левица на трансакциска сметка на Апасиев.

– Еве ги сите трансакции како ја молзете и како ја цицате Левица односно парите коишто граѓаните ги уплаќаат во Буџетот. Вие треба да одговорите дали е точно или не е, рече Мицкоски.

Но, додаде дека него повеќе го загрижува кандидатот за градоначалник на Левица за Скопје Амар Мециновиќ, кому исто така на трансакциска сметка му биле префрлувани пари од сметката на партијата.

Мицкоски ова го кажа контра обвинувањата на Апасиев за поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со агенцијата Рубикон и нејзиниот сопственик, која го обезбедувала објектот на дискотеката „Пулс“ во Кочани во која во пожар починаа 63 лица, а околу 250 се повредени. Апасиев, кој од говорницата покажуваше фотографии, го праша Мицкоски дали ќе си поднесе оставка, повикувајќи се на изјава на премиерот.

Претседателот на Владата Мицкоски рече дека Апасиев се служи со лаги, невистини и клевети и оти и тој има слика со него додавајќи дека можеби требаше и тие да ги објави.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски на одбележувањето на 30 години македонско-американски односи

Следно

Генералното собрание на ОН усвои декларација за дводржавно решение за Палестина и Израел

Latest from Blog

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Премиерот предупреди: Во владата има луѓе што не го даваат максимумот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа порача дека Владата дава максимум во работењето, но истакна дека кај одредени поединци има дилеми и задршки. „Ние
Go toTop