Фатен осомничениот за убиството на Чарли Кирк – таткото клучен во неговото апсење

September 12, 2025
1 min read

Маж осомничен за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк е уапсен, а клучна улога во неговото предавање одиграл неговиот татко, објави CNN, повикувајќи се на извори блиски до истрагата.


Според информациите, 22-годишниот Тајлер Робинсон од Јута му признал на својот татко дека тој е одговорен за пукањето. Таткото веднаш ги известил властите, го спречил синот да избега и соработувал со полицијата сè додека не бил извршен официјалниот притвор.

Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот е Робинсон и нагласи дека токму таткото го препознал својот син на видеата и фотографиите објавени во јавноста.


„Тој одигра клучна улога – не само што го охрабри синот да се предаде, туку и помогна во процесот на апсење“, рече Кокс.

Дополнително, во случајот бил вклучен и свештеник кому таткото се обратил за помош, по што бил воспоставен контакт со органите за спроведување на законот.


Пораки до цимерот откриваат детали

Истрагата открила и клучни докази од комуникацијата на Робинсон со неговиот цимер. Според гувернерот Кокс, осомничениот разменувал пораки преку платформата „Дискорд“ во кои се споменувало складирање на оружје, оставање пушка во грмушка, како и куршуми со гравирање. Во пораките, Робинсон наводно пишувал и дека треба да се пресоблече по нападот.

Цимерот наводно првично мислел дека пораките биле шега, но подоцна ги предал информациите на истражителите.

Политичка позадина

Според членови на семејството, Робинсон во последните години станал поактивен во политичка смисла и имал негативни ставови кон Чарли Кирк и неговите јавни настапи. „Кирк е полн со омраза и шири омраза“, изјавил еден од блиските роднини, според гувернерот Кокс.

Очекувањата се директорот на ФБИ, Кеш Пател, како и претставници на Јута во најскоро време да се обратат со официјални информации за случајот.


Извор: tv21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Мајкрософт“ се согласи да овозможи интероперабилност со конкурентските алатки за комуникација

Следно

Алегри го одби Џака бидејќи е премногу бавен, а ПСЖ бидејќи е лига на „ергени и женети“

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop