Инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам

September 12, 2025
1 min read

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од Заводот и музеј – Струмица, денеска реализираше работна посета на општините Дојран и Гевгелија со цел увид во тековни и планирани проекти од областа на културата и културното наследство.

Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата „Св. Илија“, значаен објект од 19 век со висока историска, архитектонска и духовна вредност. Министерството најавува продолжување на активностите за конзервација и реставрација на овој објект, кој претставува симбол на духовното и културното наследство на регионот.

Особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на музеј на вода, преку реконструкција на праисториска наколна населба во Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, додека основниот проект за изградба на музејот се очекува да започне во 2026 година. Идејниот проект е изработен од Заводот и музеј – Струмица.

Музејот, кој ќе биде поставен директно на површината на езерото, ќе функционира како „жив музеј на отворено“, со висока едукативна и туристичка вредност. Со ваквиот пристап, Дојран добива можност да се позиционира како водечка дестинација за културен и археолошки туризам во поширокиот регион.

Во рамките на посетата на Гевгелија, беше извршен увид во реализацијата на проектот за целосна реконструкција на Старата чаршија, заштитено културно наследство од XIX век. Вредноста на инвестицијата изнесува над 40 милиони денари, а проектот опфаќа:

· реставрација на фасадите на старите дуќани,

· поплочување со гранит,

· поставување нова урбана опрема и осветлување,

· целосна реконструкција на подземната инфраструктура.

Со завршувањето на проектот, чаршијата ќе ја задржи својата автентичност, а истовремено ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро, привлечно за жителите и посетителите.

Вечер, во рамките на посетата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе присуствува на фестивалот „Вкуси го југот“.
Како носител на титулата „Град на културата“, Гевгелија се етаблира како центар на културни настани, фестивали и манифестации, кои значајно придонесуваат за развојот на локалната економија, туризмот и културниот живот во регионот.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Рекорден интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – 3.954 апликации досега

Следно

„Мајкрософт“ се согласи да овозможи интероперабилност со конкурентските алатки за комуникација

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop