ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби на Електра Солушн на скандалозен начин и обезбедиле тендер за надзор на изградбата на коридорите- смрди на матна зделка

March 8, 2023
1 min read

Ако е сомнителен бонитетот на компанијата ЕПТИСА за надзор на изградбата на коридорите, тогаш втората партнерска компанија од конзорциумот е уште повеќе сомнителна, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Дел од скандалозниот тендер од 22 милиони евра за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 е и компанијата Електра Солушнс на Андон Ампов. Оваа компанија лиценцата за вршење на должноста ја добила на 03.10.2022 година, само 3 недели по распишувањето на јавниот повик за избор на надзор. Тоа само покажува дека оваа компанија нема никакво искуство, а добива толку голем тендер. Ковачевски и Груби кумувале на овој скандалозен тендер за Електра Солушн.

Имајќи во предвид дека рокот на тендерот е продолжуван логично се поставува прашањето дали тоа е направено со цел да се формира конзорциумот во кој влегуваат двете сомнителни компании, ЕПТИСА И Електра Солушн.

Патем Елекстра Солушн на Андон Ампов го “наследува“ вносниот бизнис од Институтот за патишта од Велес на неговиот татко Сотир Ампов, кој прв го доби надзорот, па беше поништен заради наводна поврзаност со руски капитал. Останува енигмата зошто толку запнала владата да го ангажира семејството Ампови во проектот за коридорите вреден 1 милијарда евра.

Овде не мириса, туку смрди на матна зделка, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гутереш во Киев

Следно

Артан Груби ем вели дека нема ништо со тендерот за надзорот за „Бехтел и Енка“ ем ги знае сите детали

Latest from Blog

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

ФОТО:.facebook.com/asmonaco Европскиот шампион го претрпе првиот пораз оваа сезона во Лига 1, во дербито против Монако, кој фуриозно ја започна новата сезона со сите три победи, и тоа на “Паркот на принцовите“

Поради величење на Ратко Младиќ: УЕФА ги казни Ц.Звезда и Борац Бања Лука

ФОТО:x.com/crvenazvezdafk Црвена звезда вечерва дозна лоши вести од УЕФА, а причината е одлуката на дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот поради однесувањето на навивачите на српскиот шампион за време на натпреварот

Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели

Програмата, која нуди низа попусти и бенефиции, беше лансирана во јули со цел жителите да станат амбасадори на градот, пишува Euronews. На учесниците им беа понудени бенефиции во вредност од повеќе од
Go toTop