„Македонска држава“ – прва дигитална библиотека за македонското историско наследство стартува на 8 септември

September 3, 2025
1 min read

Првата дигитална платформа со електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат над 150 години македонска историја, култура, поезија и патриотско творештво почнува со работа на 8 септември, Денот на независноста. Станува збор за проектот „Македонска Држава“ каде секој ќе може бесплатно да пристапи до сеопфатната дигитална библиотека чија основна тема се македонското историско и културно наследство. Платформата која во моментов е изработена на англиски јазик, во текот на септември ќе биде достапна и на македонски јазик, а во иднина ќе се преведе и на други странски јазици.

Целта на „Македонска Држава“ е јасна – да им овозможи на сите љубопитни умови, без разлика на возраста или образованието, слободен и објективен увид во богатото културно и историско наследство на Македонија. Во време кога информациите често се фрагментирани или недостапни, оваа библиотека претставува централно место за учење, истражување и инспирација. Тука секој посетител ќе може да најде веродостојни и внимателно селектирани содржини, вклучувајќи архиви што ги опфаќаат најзначајните настани и личности од изминатите 150+ години. Со внимателно селектирани содржини, организирани во јасни категории и поддржани со лесна, интуитивна навигација, овој проект претставува модерен одговор на потребата за централизирана дигитална архива.

„Веруваме дека историјата треба да биде жива, разбирлива и достапна за секого – без ограничувања и без филтри“, велат од тимот кој стои зад проектот. „Со дигитализацијата на материјалите и нивната бесплатна достапност, ја отвораме вратата за нова генерација истражувачи, ученици, студенти, новинари и сите љубители на македонската култура“, велат од тимот на „Македонска Држава“.

Од следната недела, секој посетител ќе може да ја разгледа платформата, да ја истражи нејзината содржина и да стане дел од заедницата што ќе продолжи да ја пишува македонската приказна – во ново, дигитално поглавје, достапно секогаш и насекаде.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските репрезентативци пристигнаа во Чешка пред контролниот натпревар со Саудиска Арабија

Следно

Мицкоски: Започна изградбата на нов продажен маркет на „Лидл“, ова е уште една потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите

Latest from Blog

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на
Go toTop