ВЛЕН: ДУИ ја жртвуваше европската иднина за интересите на Вучиќ

September 2, 2025
1 min read

ВЛЕН преку соопштение обвини дека ДУИ со своето политичко дејствување ја попречила европската перспектива на земјата, додека во исто време дала поддршка на концептот на т.н. „српски свет“.

Од движењето потсетуваат дека токму ДУИ била таа што го одржала Никола Груевски на власт цела една деценија, обезбедувајќи му кворум и политичка поддршка во најкритичните моменти за неговиот режим.

„Бујар Османи лично реализирал 11 средби со српската државна власт, а ниту еднаш со Косово. Ако некој ги отвори вратите за ’српскиот свет‘, тоа беше ДУИ,“ наведуваат од ВЛЕН.

 

Во реакцијата се посочува и дека токму ДУИ гласала за Законот за амнестија со кој биле ослободени од одговорност Сашо Мијалков и неговата структура, како и дека министри од оваа партија дозволиле влез на српскиот оператор М-ТЕЛ и издавање лиценци за казина од Србија.

„ДУИ не само што го врати државата назад и ги запостави Албанците, туку директно работеше за остварување на целите на оската Груевски–Вучиќ,“ се наведува во соопштението.

ВЛЕН порача дека сите обиди на ДУИ да го прикаже ова движење како проблем за Европа се „обид за прикривање на сопствената хипокризија и долгата историја на пазарења со антиевропски и антиалбански сили“.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување новинари

Следно

Кохџаџику: ДУИ им служи на бегалци и криминалци, а не на граѓаните

Latest from Blog

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на

Николоски на средба со европратеници: Европската интеграција останува стратешки приоритет

Европската интеграција на Македонија, реформскиот процес и чекорите што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија биле во фокусот на денешната работна средба на вицепремиерот и министер за транспорт и
Go toTop