СДСМ сè уште без кандидат за Пробиштип – дали партијата се повлекува од трката?

September 1, 2025
1 min read

На само 28 дена до официјалниот почеток на изборната кампања за претстојните локални избори, СДСМ се нема изјаснето за кандидат за градоначалник на Пробиштип. Од сите општини кои ги раководат градоначалници на опозициската партија, СДСМ излезе со кадидати за сите, освен со противкандидат на Тони Тоневски.

Нема ниту информација дали партијата ќе ја поддршката на актуелниот градоначалник на Пробиштип, Драган Анастасов, кој го привршува својот втор последователен мандат.
Тони Тоневски довербата од својата партија, ВМРО – ДПМНЕ, ја доби уште во првата половина на јуни, кога официјално го соопштија како кандидат. Локалната јавност, Тоневски го познава како поранешен градоначалник на Пробиштип, во периодот од 2009-2017 година.

Што покажува ова за СДСМ, се откажува ли од Пробиштип?

 

Во политичката пракса, долготрајната неизвесност ретко носи предност. Колку подоцна се донесе одлуката, толку пократок е просторот за кампања, градење на профил на кандидатот и за мобилизација на организацијата да обезеди поддршка меѓу гласачите.

Само за илустрација, извршниот комитет на партијата досега имаше четири состаноци. По секој состанок, претседателот на партијата Венко Филипче соопштуваше нов „пакет“ на градоначалнички кандидати. Од вкупно четири „пакети“ со кандидати за прв човек на градот, во ниту еден не се спомна Пробиштип.

Познати се имињата на вкупно 57 кандидати на социјал – демократите, каде најголем број на градоначалниците, како Горан Герасимовски од Центар, Сашко Митовски од Крива Паланка, Перо Костадинов од Валандово одат за втор, односно трет мандат. Дел од актуелниградоначалници, како на пример оние во Берово, Делчево и Дојран ќе бидат заменети со свежи имиња.
Поради превирања во партијата, Филипче остана и без едно од најистакнатите имиња од неговото членство, а со тоа и без најголемиот град со кој раководеше член на партијата. Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов ќе настапува како независен кандидат откако се одвои од партијата.

Засега остануваат сите можности, меѓу кои и партијата да се откаже од трката во Пробиштип.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална и Алкалоид предводници на августовската берзанска активност

Следно

Златев до Димовски: Аргументите да си ги чуваш за на суд, ќе барам оштета исклучиво од твој запленет имот

Latest from Blog

ПСЖ се засили со репрезентативец на Франција!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила. Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до

Драма на Преспанското Езеро, 71-годишен рибар исчезна во водата, го бараат нуркачи од „Тигар“

Седумдесет и едногодишен скопјанец исчезнал вчера во водите на Преспанското Езеро, откако скокнал од чамец за да ги земе веслата кои му паднале во водата. Како што информира МВР, случајот бил пријавен

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои

Нетанјаху го отфрла планот на Трамп за Газа

Неговата изјава доаѓа една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп објави значителен напредок во разговорите. Одборот за мир (BoP) на Трамп потоа презентираше нов план од 15 точки, кој треба да воспостави

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до
Go toTop