Готово е! Комплетиран е најголемиот трансфер во историјата на Премиер-лигата

September 1, 2025
1 min read
фото: Newcastle (X)

Александер Исак, напаѓачот на Њукасл и репрезентацијата на Шведска, чија вредност „Трансфермаркт“ ја проценува на 120 милиони евра, преминува во Ливерпул за 150 милиони евра, што е највисока оштета во историјата на Премиер лигата. Веста ја објави Фабрицио Романо во 1 часот по полноќ, на последниот ден од преодниот рок, со својот заштитен знак – извикот „Here we go!“, кој значи дека трансферот е завршен.

Ливерпул втор пат ова лето го урна англискиот рекорд
„Трансферот е договорен за 130 милиони фунти, што претставува рекорден износ за Премиер лигата. Исак денес ќе ги мине лекарските прегледи како нов фудбалер на Ливерпул, откако пред неколку месеци ги договори деталите за долгорочниот договор со ‘црвените’. Од самиот почеток, Исак сакаше само во Ливерпул“, напиша Романо.

Пресметано во евра, оштетата изнесува 150 милиони, со што тој се пробива на првото место на листата на најскапи трансфери во историјата на Премиер лигата. Ливерпул по втор пат ова лето го руши рекордот за најскапа аквизиција во Англија, откако претходно од Баер го доведе Флоријан Вирц за 125 милиони евра.

Најскапи влезни трансфери во историјата на Англија:

  1. Александер Исак – од Њукасл во Ливерпул за 150 милиони евра
  2. Флоријан Вирц – од Баер Леверкузен во Ливерпул за 125 милиони евра
  3. Енцо Фернандез – од Бенфика во Челзи за 121 милион евра
  4. Џек Грилиш – од Астон Вила во Манчестер Сити за 117,5 милиони евра
  5. Деклан Рајс – од Вест Хем во Арсенал за 116,6 милиони евра

Купувањето на Иcак од страна на Ливерпул воедно претставува и трет највисок износ платен за еден фудбалер во историјата на фудбалот. Пред него се само трансферите на ПСЖ за Нејмар и Килијан Мбапе.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барселона спаси бод на гостувањето во Ваљекас

Следно

Средношколци од Нови Сад повикуваат на бојкот на наставата и протест

Latest from Blog

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16 до 18 октомври се одржува

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на
Go toTop