70 дена култура и уметност – заврши 17-то издание на „Битфест“

August 31, 2025
1 min read

Со настапот на „Bitola Art Mapping“, спектакл со современа уметност, 3Д мапинг и музика, синоќа свечено беше затворено 17-то издание на Битолското културно лето – „Битфест“.

Во изминатите 70 дена, почнувајќи од 26 јуни, Битола повторно се претвори во центар на културните случувања во државата. Фестивалот понуди богата програма со концерти, театарски претстави, содржини за деца и настани што ја слават македонската традиција и музика.

Меѓу највпечатливите настани беше концертот на светски познатиот диџеј Армин ван Бурен на стадионот „Петар Милошевски“, кој, според организаторите, ќе остане запишан во културната историја на градот.

 

„Битфест“ и годинава ги негуваше традиционалните манифестации како „Илинденски денови“, „Широк Сокак во бело“, „Битолино“ и „Локум фест“, кои се веќе препознатлив белег на фестивалот.

Особено значење ова издание има и поради тоа што првпат фестивалот доби поддршка од Министерството за култура и туризам во делот на креативните индустрии, што овозможи реализација на завршниот проект „Bitola Art Mapping“.

Општина Битола упати благодарност до Министерството, уметниците, институциите, организаторите и публиката, со пораката дека со секое ново издание градот ја зацврстува позицијата како културно срце на регионот.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Удинезе го шокираше Интер во Милано, Лацио убедлив против Верона (ВИДЕО)

Следно

По повод почетокот на учебната година, премиерот Мицкоски утре во посета на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Владата инвестира во проекти што носат долгорочни резултати

26 јуни 2026 година, Скопје– Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните

Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза. Она што се претпоставуваше дека ќе се случи

Нови правила во Брисел – ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ТУРКААТ „МЕМБЕРШИП-ЛАЈТ“

Европската комисија подготвува нов план за „постепена интеграција“, со кој на земјите-кандидати ќе им се овозможат економски придобивки пред тие официјално да влезат во ЕУ, пишува „Политико“. Целта на Брисел е да
Go toTop