“Јамал исто како и Меси, сам ги решава акциите во офанзивата, на Роналдо и Мбапе за тоа им треба плејмејкер!“

August 30, 2025
1 min read
ФОТО: FC Barselona/FB

Секако дека ако имаше дебата во изминатите 15 години, па и повеќе околу тоа кој од Лео Меси или Кристијано Роналдо е подобар, иако за оние кои вистински се разбираат во фудбалот нема дилеми, сега се наметнува друга дебата.

А таа е дали Ламине Јамал, мега – ѕвездата на Барселона и селекцијата на Шпанија е легитимен наследник на Меси и дали е подобар во таа возраст. Само да потсетиме дека Јамал пред месец и половина наполни 18 години.

Во таа дебата се вклучи и славниот аргентински стратег Марсело Биелса, кој сега е селектор на Уругвај а пред неколку години му беше тренер и на нашиот Џани Алиоски во Лидс.

Еве што кажа Биелса за медиумите во Шпанија:

„Ламине Јамал прави исто како Лео Меси, не е важно дали има двајца или десет играчи пред него. Човекот ја решава офанзивната игра без оглед на каква било анализа. Тој го подобрува својот тим затоа што ги елиминира противниците сам, без ничија помош. За разлика од нив двајца, еве на пример на Килијан Мбапе или Кристијано Роналдо им се потребни плејмејкери, но на Меси и Јамал не им треба помош. Тие дриблаат покрај сите.“истакна Марсело Биелса.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уценетиот Таравари како млада невеста, не знае кој пат да го фати, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Меџити го повикува Османи да одговори за средбите со Груевски

Latest from Blog

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Тоневски: Нов асфалт и тротоари за подобра сообраќајна безбедност во Пробиштип

Дел од улицата „Никола Карев“ во Пробиштип се реконструира за да се обезбедат подобри услови за одвивање на сообраќајот, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот предвидува целосно отстранување на стариот
Go toTop