Регионална депонија за спас на Преспа, најави градоначалникот Тозиевски

August 30, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, во гостување на „Сител поткаст“ најави интензивни активности за заштита и унапредување на животната средина во преспанскиот регион.

„За чиста Преспа – преку соработка со ЕУ, имплементаторите УНДП, невладините организации и општината започнуваме еден проект за расчистување. Ние детектиравме околу 40 диви депонии каде што првиот повик веќе е објавен за избор на фирма која ќе постапува на тие депонии и понатаму после расчистувањето на теренот, тие места да се оплеменат – дали било со детски паркови, дали со клупи или слично, за да ја подигнеме јавната свест и тие навики за места за фрлање на тој отпад да ги искорениме од населението“, истакна градоначалникот на Општина Ресен. „Понатаму институцијата институционално ќе настапува со мониторирање на просторот“, дополни тој, најавувајќи континуиран надзор по санацијата.

Осврнувајќи се на решението за отпадот на подолг рок, градоначалникот го најави проектот за регионална депонија како најголем за Преспа. „Со селекција на отпадот и транспорт во регионалната депонија, перспективно гледано е иднината на зачувување не само на Преспа, туку и цела држава, а и зачувување на целата животна средина“, објасни тој. „За многу скоро ќе ги видиме и првите чекори и резултати“, истакна оптимистички Тозиевски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Еден активен пожар, пет се под контрола

Следно

Ги брка комарците и мириса прекрасно: Направете природен спреј од 2 состојки

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop