Македонски Дипломатски Синдикат: Се развртеа телефони од МНР до Апелација 

March 7, 2023
1 min read

Македонскиот Дипломатски Синдикат преку реакција до јавноста вели дека Министерството за надворешни работи последните неколку години брутално деградираше триесетина дипломати, вклучително и дел со највисок, амбасадорски ранг, на најниски можни позиции.

Реакцијата интегрално е во продолжение:

„Министерството за надворешни работи последните неколку години брутално деградираше триесетина дипломати, вклучително и дел со највисок, амбасадорски ранг, на најниски можни позиции. Без никакво објаснување, незаконски, тивко, под закрила на нова систематизација. Сеча на дипломати.

Како тоа изгледа во пракса? Замислете судија после 30 години стаж да биде вратен на работа во писарница.

Или генерал во поручник. Или професор во асистент. Такво самоволие, шиканирање и мобинг МНР претходно немаше видено.

Патот до правдата во нашите судови е долга. Во наведениот случај 4 години, до сега. Десетина дипломати се решија приватно да го тужат МНР еден по еден ги добиваат споровите. Но, трошењето државни пари за судски трошоци, а во заштита на неговиот каприц, не го обесхрабри министерот Бујар Османи, кој даде наредба сите судски одлуки да се обжалат до апелација.

Еден по еден, сите колеги ги добиваат случаите и на Апелациониот суд. Не е ни чудо, бидејќи сите случаи се идентични како јајце на јајце и сите со очигледна злоупотреба на позицијата на моќ и овластување од страна на министер.

Единствено тужбата на претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Зоран Дабиќ, како исклучок, Апелациониот суд ја врати на повторно судење во Основен суд како „нејасна“. Без оглед што се работи за идентични случаи и за идентични пресуди како и останатите.

Нашиот претседател, амбасадорот Дабиќ е најистакнатиот и најактивен борец за подобрување на професионализмот во дипломатијата и за почитување на работните права што Македонија некогаш го имала. Очигледно, тој многу му пречи на раководството на МНР кое со сите сили се обидува да го замолкне. Се поведуваа монтирани дисциплински постапки, го изолираа, му одземаа работни обврски, се обидуваа да го заплашат.

На крај, кога ништо од тоа не им успеа, „проработеа“ телефоните на релација МНР – Апелационен суд, па тужбата на „бунтовниот“ амбасадор се врати на почеток. Нека се плетка по судските ходници уште барем четири години. А до тогаш ќе дојде и нов министер.

Каде е во оваа приказната судството? Четири години се води едноставна постапка каде што повеќе од очигледна е злоупотребата на овластувањата на министерот и пресметувањето со неистомислениците од редот на највисоките дипломати.

Наместо да биде последна и најсилна инстанца на заштита на вработените, Апелациониот суд се согласи да биде маша на поединци на врвот на извршната власт.

Мизерно и бедно, како од министерот така и од судиите кои „му излегле во пресрет“.

Затоа, не три, туку наскоро ниту еден процент доверба нема да остане во судството„, стои во реакцијата од Извршниот одбор на Македонскиот Дипломатски Синдикат.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава за 49-годишен скопјанец поради коментар на Фејсбук

Следно

Приватните детективи во Србија со полни раце работа – се лажете доколку мислите дека мажите ги изнајмуваат за да си ги следат жените!

Latest from Blog

Кристијано Роналдо со порака до критичарите

Фото: Кристијано Роналдо X Кристијано Роналдо, кој ужива во крајот на својот одмор откако играше на своето шесто и најверојатно последно Светско првенство, објави порака на социјалните мрежи на шпански јазик во

„Матица македонска“ започна 10-дневна книжевна програма по повод Илинден

По повод Илинден, книжевната програма „Зад датумот“ ќе ги поврзе историското паметење, јазикот, културното наследство и книжевноста, а ќе отвори и две јавни иницијативи за читателите и библиотеките Го знаеме датумот. Но

Голем пад на рејтингот на Трамп меѓу белците

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп меѓу белите гласачи падна на најниско ниво откако повторно ја презеде функцијата, според најновото истражување на CNN и агенцијата SSRS, кое укажува на растечко незадоволство меѓу

Марковски ја напушти државата, МВР вели немало забрана

Битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, денеска бил задржан на граничниот премин „Табановце“, но по извршените проверки му било дозволено да ја напушти државата бидејќи против него
Go toTop