По повод Денот на рударите: Булмак 2016 додели бонуси и признанија на рударите

August 28, 2025
1 min read

Пробиштип, 28 август 2025 – По повод 28 август – Денот на рударите, компанијата Булмак 2016 на сите вработени во компанијата им исплати по 3.000 денари како знак на признание за нивниот влог во индустријата. На десетте најдобри рудари, и тоа петмина вработени во рудникот „Злетово“ и петмина од рудникот „Тораница“ им додели ваучери од по 6.000 денари.

Посебна чест за компанијата е што двајца рудари од Булмак се меѓу номинираните за најдобри рудари на национално ниво, на свеченоста што се одржа во Министерството за енергетика и рударство. Признанија добија нашите вработени:

 

– Дејан Тоневски, рудар од рудник „Злетово“, роден 1981 година во Кратово, вработен во компанијата од 2019 година. Во моментов работи како рудар од 2 степен и ракува со рачен дупчачки чекан, утоварач и подградувач во јама.

– Драгољуб Димитровски, рудар од рудник „Тораница“, роден 1991 година во Крива Паланка, вработен во компанијата од 2018 година. Во моментов работи како ракувач со електро-хидраулични дупчалки и палител на мини.

По повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица – заштитничка на рударите, компанијата им упатува искрени честитки на сите рудари за нивната посветеност и пожртвуваност.

„Рударството е професија која бара сила, упорност и солидарност. Нашата обврска како компанија е да ја вреднуваме таа пожртвуваност и да продолжиме да инвестираме во подобри услови за работа и поголема безбедност на нашите луѓе,“ изјави Тони Тоневски, директор на Булмак 2016.

Со ова, Булмак ја потврдува својата определба да гради компанија која се грижи за луѓето, заедницата и иднината на рударството во Македонија. Поддршката за вработените и признанијата за најдобрите меѓу нив се дел од заложбите компанијата да остане сигурен партнер и двигател на економскиот развој во регионите каде што работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција започна 24-часовен штрајк

Следно

Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола подготвен за натпреварот Македонија – Италија до 21 година

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop