Димитриеска-Кочоска: Македонија дел од регионалната иницијатива за пазарите на капитал

August 24, 2025
1 min read

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, утре во Загреб ќе учествува на официјалната церемонија за потпишување на Меморандум за разбирање и соработка за развој на пазарот на капитал. Настанот е организиран од Министерството за финансии на Хрватска и обединува земји од Централна и Југоисточна Европа – Хрватска, Бугарија, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Словачка и Словенија.

Со потпишувањето на меморандумот, земјите ќе ја потврдат заедничката определба за унапредување на соработката во областа на пазарите на капитал преку подобрување на законодавството и регулативата, интеграција на инфраструктурата, дигитализација и хармонизација.

„Иницијативата има за цел да испрати силен сигнал до инвеститорите, пазарите и меѓународните партнери дека земјите од регионот се посветени на координирани и усогласени реформи, како и на создавање услови за долгорочен и одржлив економски раст,“ соопштија од Министерството за финансии.

 

Димитриеска-Кочоска ќе учествува и на министерски панел каде што ќе разменува искуства и добри практики со колегите од регионот. Министерството нагласува дека ова претставува потврда за заложбата на Македонија за продлабочување на регионалната економска соработка и зајакнување на довербата на инвеститорите.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Келн со гостински триумф кај Маинц

Следно

Стаменкоска Трајкоска: Политиката добива многу кога жените активно учествуваат во процесите

Latest from Blog

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако

Божиновска: Скопје повторно станува регионален центар за енергетика и зелена транзиција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Македонската берза во црвено: МБИ10 падна за 0,36%, Комерцијална банка со најголем промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 25.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.585,45 поени. Во однос

Божиновска: Скопје се враќа на мапата како регионален центар за енергетска соработка

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се
Go toTop