Пешка крај Злетово запуштена, Општина Пробиштип молчи

August 24, 2025
1 min read

Пред неколку дена, општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, преку својот Фејсбук профил, објави дека на локалитетот Пешка крај Злетовска Река се забележува недоволно тековно одржување и упати на неостварените предизборни ветување на актуелниот градоначалник. До моментот на објавување на текстов, од Општина Пробиштип и градоначалникот Драган Анастасов не е објавен официјален одговор во врска со наводите.

Според објавата и приложените фотографии, на делови од приодите и скалите се гледаат оштетувања, како и отпад долж пристапните патеки, а се забележува и делумно оштетена дрвена платформа во близина на речното корито. Во објавата се наведува дека ваквите состојби упатуваат на потреба од санација, редовно чистење и усогласување на урбаната опрема.

Во изборните програми на градоначалникот Анастасов, кој го привршува својот втор последователен мандат, Пешка е наведена како локација за реконструкција и одржување, со најави за проширувања и доизградба на пристапен мост до другото речно корито, како и неколку летниковци. Во моментов не се јавно достапни прецизни податоци за фазата на реализација и буџетската динамика зад процесот.

 

Локалитетот Пешка има значајно место во традицијата на жителите на Злетово и пошироко. На празникот Богојавление – Водици, според обичаите, во водите на Злетовска Река се капат само младоженците од изминатата година, по што капењето е дозволено и за сите заинтересирани. Токму поради ова културно и заедничко значење, вниманието на јавноста е насочено кон уредноста, безбедноста и редовното одржување на просторот, како и добивање одговор за настанувањето на ваквата ситуација.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Дневен хороскоп: Бикот да внимава како се однесува, а Овенот да направи проени

Следно

Вучиќ: Ќе се намалат цените на 3.000 производи, маржите драстично паѓаат од 48 на најмногу 20% (ВИДЕО)

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop