Дарко Костовски носи европски стандарди во училиштата на Бутел! ООУ „Лиман Каба“ во Љуботен пример за инвестиции што не запираат! (ФОТО)

August 24, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој повторно се кандидира за нов мандат на чело на општината, соопшти дека во општинското основно училиште „Лиман Каба“ е поставен нов ламинат во училниците. Ова е само продолжение на бројните проекти реализирани во изминатите години за подобрување на условите во образованието во Бутел.

„Во ова училиште веќе е направена нова фасада, за прв пат по 30 години е уреден и дворот, поставени се нови врати и целосно се реконструирани тоалетите. Покрај тоа, ‘Лиман Каба’ беше едно од првите училишта во општината кое доби кабинет по информатика и интерактивни табли, со што се внесе модерната технологија во наставниот процес,“ изјави Костовски.

Костовски исто така потенцираше дека инвестициите во образованието остануваат негов приоритет и приоритет на Општина Бутел.

„Продолжуваме да создаваме подобри услови за нашите ученици и наставници, затоа што иднината се гради единствено преку квалитетно образование,“ изјави Костовски.

Со овие инвестиции, според Дарко Костовски, се докажува дека грижата за училиштата и за децата на Бутел не е само ветување, туку реалност што го менува секојдневниот живот на стотици семејства.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити најавува сигурна победа на октомвриските избори во Чаир

Следно

Алегри по поразот од Кремонезе: Среќа што ова е прв меч!

Latest from Blog

Барса со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Барселона фантастично ја започнаа новата сезона со убедлива победа против екипата на Елче со 0:5. Момците на Ханси Флик покажаа класа и најавија уште една сезона во која што ќе

ИРАН ЈА НАПАДНА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, четири дена не можат да се опорават

Хакери поврзани со Иран успеаја целосно да ја запрат работата на британска електрана дури четири дена, што се смета за еден од најсериозните сајбер напади врз енергетската инфраструктура на Обединетото Кралство, објави

Интересно: Фановите на Марсеј ја славеа титулата на Шпанија? (ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Навивачите на Олимпик Марсеј изненадија со чудна претстава за време на првиот натпревар на тимот во сезоната во Лига 1. Некои од навивачите на „Велодром“ извадија огромна кореографија во чест на

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со иранскиот парламент, изјави дека Иран добил покана да се приклучи на договорот во Мека и дека прашањето се разгледува. Рахими рече дека земјите
Go toTop