За амбасадорувањето на Димовски во Париз нема да се одлучува на посебен состанок, туку на редовни консултации

January 11, 2023
3 mins read

Нема да има еден посебен состанок на кој ќе се разговара за амбасадорските позиции, туку тоа се серија на консултации што претседателот вообичаено ги има со премиерот и со министерот за надворешни работи околу кадровски решенија за шефови на дипломатско-конзуларните претставништва, со оглед на тоа дека има повеќе упразнети амбасадорски позиции, одговорија за „360 степени“ од кабинетот на претседателот

Претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи нема на посебен состанок да разговараат дали поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски ќе замине или не за амбасадор во Париз, туку одлуката за тоа ќе биде донесена во рамките на редовните консултации што шефот на државата, премиерот и министерот за надворешни ги имаат околу овие прашања. Амбасадорувањето на Димовски во Франција е доведено под знак прашалник по избувнувањето на аферата „Онишченко“, која во фокусот ја стави АНБ поради даденото позитивно мислење да му се даде македонско државјанство на конторверзниот Украинец, кој е на „црната листа“ на САД.

Во изјава за „360 степени“ од кабинетот на претседателот рекоа дека нема да има еден посебен состанок на кој ќе се разговара за амбасадорските позиции, туку тоа се серија на консултации што претседателот вообичаено ги има со премиерот и со министерот за надворешни работи околу кадровски решенија за шефови на дипломатско-конзуларните претставништва, со оглед на тоа дека има повеќе упразнети амбасадорски позиции. Покрај за него, ќе се разговара и за листа од околу 14 кандидати што ги предлага МНР за испразнетите амбасадорски места.

„Во однос на упатувањето на Виктор Димовски, таа одлука ќе се разгледува во пакет со останатите решенија“,

велат од Кабинетот на претседателот.

Дополнително, додаваат оттаму, со претседвањето на С Македонија со ОБСЕ се отвораат и доплнителни обврски и активности, кои исто така ќе бидат дел од процесите на консултации.

Вчера, пак, министерот за надворешни работи Бујар Османи на новинарско прашање до каде се консултациите за испраќањето на Димовски за амбасадор, тој одговори дека очекува претседателот да го свика состанокот.

„Очекувам претседателот да го свика состанокот како што се договоривме на почетокот на оваа година, а се договоривме од денес веќе да почнат тие консултации“,

рече Османи.

Инаку што се однесува до Димовски, неколку месеци пред да избие скандалот со Онишченко за него бил добиен агреман од страна на Франција, меѓутоа постапката сè уште не е завршена, односно Пендаровски нема добиено известување од Владата со кое му се сугерира да го даде указот за упатување на амбасадорската функција.

Скандалот „Онишченко“ во меѓувреме ја искомпликува ситуацијата, а тоа го потврди и претседателот Пендаровски во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ, каде тој изјави дека ова прашање е начнато и во рамки на критиките што ги упатиле влијателни земји членки на НАТО и наши стратешки сојузници, пред се Соединетите Американски Држави (САД).

„Постапката за именување амбасадор почнува преку Владата која ми предлага мене и јас давам првична согласност. Велам ’се согласувам со предлогот, можете да ја продолжите постапката‘. Тие имаат понатаму подготовки, се бара агреман од државата каде треба да оди. На крајот кога ќе заврши се, Владата повторно ми пишува преку МНР и вели дека ’се е завршено, сега треба да го упатите‘. Вакво нешто, втор допис во кој владата вели дека се е океј, и ве молиме само да потпишете указ, Владата ми нема доставено затоа што од моите контакти со премиерот и министерот за надворешни работи, ми е речено дека за ова во светлото на критиките кои ги добивме од некои влијателни земји членки и наши стратешки партнери, пред сè мислам на САД, дека треба да испитаме дали би требало да останеме на ова решение или и некои други опции би влегле во игра“,

рече Пендаровски во интервјуто емитувано на 22 декември.

Претходно, неколку дена по обелоденувањето на аферата со издавањето македонски пасош на Украинецот од „црната листа“ на САД, Пендаровски во гостување во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24 рече дека ако се утврди дека (тогашниот) директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, е одговорен за издавањето македонско државјанство на Олександр Онишченко, нема да оди амбасадор во Париз. Но, ако се покаже дека некој од луѓето во четирите сектори во АНБ е кабает, тој мора да биде сменет и да понесе одговорност.

Димовски беше сменет од директорската функција во АНБ, а на негово место беше именуван Зарко Милошевски. Сепак, во образложението на Владата смената на Димовски не беше јавно аргументирана со некаква одговорност поврзана со случајот „Онишченко“, туку дека тоа е направено поради тоа што тој треба да замине за амбасадор во Франција.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бејл би можел да добие улога во селекцијата на Велс

Следно

Прв голем успех на Москва од летото? Шефот на Вагнер објави фотографии: Соледар е наш

Latest from Blog

Наумов во 24 анализа: Ова во Европскиот парламент може да биде отворање на врата за власта да го отвори Уставот

Новинарот Столе Наумов во 24 анализа рече дека, потребно е да се откочи процесот за влез во ЕУ бидејќи, како што рече Македонија не треба да спие на уво со тезата „Калимеро

„Со две раце потпишувам дека идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Перински

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во „Click Plus“ на ТВ21 со силна уверена изјава ја коментираше политичката иднина на главниот град. „Со две раце потпишувам дека идниот градоначалник на Скопје ќе

Додека Вадата на Мицкоски си организира дискусии на тема “Кочани е наш приоритет“, повредените во пожарот, помош добиваат од граѓански донации

Додека во владата се дискутираше на тема „Кочани е нашиот приоритет“ и се предлагаа нови мерки и чекори, семејствата на повредените деца  продолжуваат да се соочуваат со стари  предизвици – високи трошоци

Милевски: Квалитетот е на страната на Белгија, но оптимист сум дека овој јуни ќе биде поинаков

На прес-конференцијата пред мечот во Скопје против Белгија се обрати пред новинарите и селекторот Благоја Милевски. Предводникот на нашата репрезентација го најави дуелот и го коментира силниот ривал. „Анализите се направени, не

Перински: Во Град Скопје гледаме театар и циркус!

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 упати остри критики за состојбата во Град Скопје. Тој вели дека скопјани секојдневно се сведоци на политички театар, наместо на
Go toTop