Трипуновски: Заедно со општините работиме на развој на руралниот туризам

August 23, 2025
1 min read

Нашето министерство преку програмите коишто ги реализира, директно влијае врз егзистенцијата на земјоделците и жителите во руралните општини. Знаете дека преку програмата за директни плаќања, односно субвенциите влијаеме и им помагаме на македонските земјоделци. Додека преку програмата за рурален развој, која е една посебна програма преку која се помага во делот на инвестиции во земјоделството, вели Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешниот настан за отчет на градоначалниците за сработено во мандатот.

„Изминатите 12 месеци, преку програмата за рурален развој, објавивме неколку повици којшто ќе значат стимулација за луѓе, за жените коишто живеат во руралните средини, преку стимулација со финансиски грантови. Тие неколку повици беа во делот за набавка на механизација, приклучна механизација, набавка, односно изработка на оние мали семејни бизниси за преработки на земјоделски производи преку грантови кои ги дава министерството“, рече Трупуновски.

Трипуновски, посочи дека една од најважните објави беше мерката за Млад земјоделец, односно стимулирање на младите да влезат во земјоделскиот процес и на веќе постоечките да го обноват нивното производство и да го зголемат капацитетот.

„Тука неминовно, треба да ги спомнеме ИПАРД средствата кои ни стојат на располагање од Европската Унија, затоа што преку овие инвестиции во руралните средини, една од најбитните инвестиции е во делот на руралниот туризам. Преку руралниот туризам се развива самата општина, се подигнува нивото на економската стабилност и паралелно со програмите кои се објавуваат од министерството за локални манифестации, сакаме да го заживееме локалниот туризам, локалниот економски развој, се со цел, заедно да се помагаме со локалните самоуправи. Ако локалната самоуправа се грижи за инфраструктурата, за квалитетот на животот на своите сограѓани, ние како министерство и како Влада влијаеме директно во поткревањето на личниот стандард на самите земјоделци, се со цел да имаат достоинствен живот“, истакна Трипуновски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Беше најголема холивудска ѕвезда на 90- те, по 30 години се враќа и прв пат раскажува зошто заминала

Следно

Три лица загинаа, а четворица се повредени во невреме низ Романија

Latest from Blog

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16 до 18 октомври се одржува

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на
Go toTop