Јанчев: За 80% намалување на загадувањето во Кавадарци со гасификацијата и топлификацијата

August 21, 2025
5 mins read

Завршува вашиот втор мандат како градоначалник на Општина Кавадарци. Колку сте задоволен од она што во изминатите четири години се реализираше од програмата која ја имавте?

Јанчев: Задоволството го определувам во тоа што мислењето на мнозинството граѓани и она што чувствуваме како Општина, задоволството на граѓаните е на високо ниво. Според таа слика го оценувам како добро раководењето и инвестирањето во општина Кавадарци, особено во вториот мандат поради тоа што се реализираа многу големи капитални проекти, а на подем се поголеми, како и регионални кои се од значење и за општина Кавадарци и за целата Тиквешија.

Кои проекти може да ги издвоите за кои ги сметате дека се најуспешни или сте најгорд?

Јанчев: Би земал хронологија со проектот „Мој општинар“ каде успеав доаѓајќи од приватен сектор, Општината да доближам до сите сограѓани. Од најруралната средина, до централното градско подрачје. „Мој општинар“ е стратешки проект за Општина Кавадарци со десетина луѓе кој прерасна во сектор. Тој сектор се состои од кол центар 13-300 без префикс 24/7. Секој граѓанин на Општина Кавадарци може да пријави секаков дефект или да добие било каква информација или потреба на 13-300. Кол центарот е поврзан со 360 камери кои ги имаме за „Сејф сити“.

„Мој општинар“ е присутен во секоја заедница со одговорно лице и е поврзан со сите јавни претпријатија на Општина Кавадарци. Како за пример, доколку имате потреба за пријава за една светилка, не мора да познавате некој. Годишно имаме некаде околу 11.000 пријави на 13-300, дополнително и оние пријави кои се во писмена форма или кои лично дошле.

Во однос на претстојните локални избори, ја добивте поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за нова кандидатура. Што е она што на кавадарчани ќе им го понудите во новата програма и какви проекти планирате?

Јанчев: Хронолошки, стратегијата и развојот на општина Кавадараци го планиравме да биде од 12 годишна програма. Она што беше неминовно за граѓаните, од колекторски систем, канализација, атмосферска канализација, улично осветлување, булевари, пробивање на улици, решавање на јавниот превоз, училишни сали, правење на стационар. Ние немаме проблем со уписот на децата во градинка, за шест години успеавме да го подигнеме капацитетот од 500 на 1.500 дечиња, каде веќе имаме 1.300 запишани. Би рекол единствена општина која поседува капацитет за во градинка. Успеавме и во секоја селска средина каде имаше потреба да имаме пет клонови на детска градинка. За третиот мандат одиме на посуштински, поголеми стратешки проекти.

Кавадарци како најразвиена индустриска зона, имаме проект преку Влада за обилколница кај Кавадарци која ќе биде околу 16.000 километри и комплетно тешки товарен сообраќај би го тргнале од урбаните средини, приградски и градски. На дневна основа тоа е помеѓу 250 и 450 товарни возила.

Втор голем проект е граничниот премин Пуљевац кој ќе успееме во нареден мандат да го оформиме и да го отвориме тој граничен премин со Грција и со тоа, нема да биде Општина Кавадарци, особено делот кај Кожув, крај на светот, туку продолжеток кон една друга соседна држава каде очекувам и туризмот и економската размена да се дигнат на многу повисоко ниво.

Изградба на дом за 65 стари лица. Тој дом ќе биде за потребите на нашите сограѓани кои се во поодминати години и не можат сами да функционираат. Дом за лица со попреченост, сите лица со хендикеп и телесна попреченост ќе можат да имаат соодветен третман и соодветно да бидат згрижени во делот на работното време од 08-16 часот.

Со Министерството за образование и наука работиме со бизнис секторот да ги видиме смеровите кај што е најнеопходно да одиме со стручно образование за да произведеме и придонесеме и за бисни секторот и за нашите сограѓани да имаат соодветно образование и квалификација која се бара.

Младински центар кој ќе биде за пример во државата, со комплетна содржина за децата од 12 до 18 години да ги опфатиме целосно. Од кино сали, игротеки, се’ она што може да биде дневен спорт. Од диско за тинејџери, работилници, организирање на родендени. Целта е да можеме најмладите до 18 години да бидат на безбедно, сигурно место, а не по кафулињата.

Тука ни е гасификацијата во делот на екологијата. Општина Кавадарци ќе добие гасификација и топлификација. Тоа значи дека луѓето ќе имаат можност да изберат помеѓу гас и топлификација која ќе биде само во зимскиот период, од 15 октомври до крајот на грејната сезона, а гасификацијата ќе ја имаат преку целата година. Тоа е еден големпроект кој има почеток, но нема крај. Една мрежа која ќе се шири.

Работиме на проект за подигнување на безбедноста и сигурноста на граѓаните. Мотивот и поттикот е имотот и животот на нашите сограѓаните да биде на највисоко ниво. За секое семејство опремува со противпожарен систем. Тоа значи дека секое семејство ќе добие уред/сензор за дојава на пожар или чад со централа и соодветен софтвер каде дојавата ќе биде испратена до полицијата и противпожарната единица. Одвоено имаме буџет од 500.000 евра каде што комплетно проектот ќе биде финансиран од Општина Кавадарци со соработка со други институции и ТППЕ Кавадарци. Опфатени ќе бидат околу 11.500 семејства.

Ги споменавте загадувањето, гасификацијата и топлификацијата како проекти кои ги планирате. Кажете ни подетално што покажуваат анализите? Колку со овие проекти ќе се намали загадувањето во Кавадарци?

Јанчев: Екологијата и чистиот воздух е најскапата работа. Гасификацијата ќе биде достапна до граѓаните и економските оператори околу февруари-март иднината година и ќе може да се реализираат првите вклучувањата. По спроведените анкети и анализи, заклучивме дека над 65% од оние кои се загреваат на дизел гориво, струја и на дрва имаат инсталирано радијаторски централен систем. Тоа е добар податок, кога на нашите сограѓани ќе им донесеме гас и топлификација, ќе имаат многу мал трошок за приклучување. Очекувам повеќе од 70% од луѓето да се приклучат на топлификацијата. Очекувањата во делот на намалувањето на загадувањето се многу големи, и очекуваме за 80 проценти да се намали загадувањето за некои две, три години сукцесивно како ќе се развива и самата мрежа.

На 1 јануари годинава го отворивте ски центарот Михајлово. Се покажа како потребен и успешен проект. Кои се размислувањата, ќе има ли проширување со нови патеки и нови содржини.

Јанчев: Патеката „Македонија“ во ски центарот Михајлово вроди со многу плод. За зимскиот распуст некогаш имше и по 2000, 3000 луѓе кои во најголем дел доаѓа рекреативно, меѓутоа насмевката на најмладите е од големо значење. Работиме на оформување на уште две стази и поставување на ски лифт која ќе биде тросед со должина од 700 метри и ќе може да транспортира 1.600 луѓе на час. Двете дополнителни стази ќе бидат со должина од 900 и од 1000 метри кои ќе се поврзат со постоечката стаза. Во фаза сме на урбанизација на просторот, ќе има маркици за три до четири помали хотели, за дваесетина индивидуални викенд куќи, таа локација ќе го добие својот комплетен сјај.

Дали се планира и во наредниот период да продолжат вложувањата во спортот и во културата? Кажете ни нешто повеќе и за Тиквешкиот гроздобер кој ве очекува наскоро?

Јанчев: Тиквешкиот гроздобер е стара манифестација, меѓу првите карневали во државата. Традицијата на Општната и самата винова лоза и одгледувањето на гројето, го одликува овој гроздобер. Ние најмногу сме посветени на двата празници, Св.Трифун кога го одбележуваме закројувањето на виновата лоза и посакуваме бериќетна, здрава добра година. Како и првата недела од септември, 7 септември, кога е и Денот на ослободувањето на Кавадарци. Покрај традиционалниот дел, на Тиквешкиот гроздобер има и културно-забавна програма кој изминативе години има голем број посетители, околу 100.000-120.000 посетители.

Спортот во Општина Кавадарци го издигнавме на највисоко ниво. Во фудбалот сме во Првата лига веќе четврта година, успеавме да го освоиме и Купот, да изиграме едно коло и надвор од државата, во Европа. Во ракометот сме во Суперлигата, во кошарка исто сме во првата лига. Трите колективни спортови се под максимална поддршка на Општина Кавадарци и над 50 прценти акциите ги поседува општината. Општината учествува и во над 50 проценти во финансирањето на клубовите. Индивидуалните и други колективни клубови не се изземени од кофинансирање од Општината. Пред 7 години, општината имаше два до три милиони денари поддршка во спортските клубови, а денес таа поддршка изнесува 35 милиони денари за трите колективни спортови и дополнителни 6 милиони денари за останати спортски клубови.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ѓорѓиевски: Дечињата од Подстаница повеќе нема да патуваат километри до градинка

Следно

Божиновска и Љатифи отвораат врата за нова енергетска ера со KfW

Latest from Blog

Кинеската и руската морнарица во заедничка поморска патрола во западен Пацифик

7 По почетокот на војната во Украина, Русија одржува партнерство со Кина што претседателот Владимир Путин го нарекува „без ограничувања“. Двете земји ги продлабочија воените врски, при што повеќе од половината од

Првиот бакнеж на младенците беше прекинат од неочекуван инцидент (ВИДЕО)

Фотографката Викторија Плотникова, која беше задолжена да го долови првиот бакнеж на младенците, успеа да направи необичен инцидент. Таа чекаше совршен момент Видео што кружи на социјалните мрежи ја покажува Викторија како
Go toTop