„Myworld“, наследникот на Лајонес во стечај – која е причината?

August 21, 2025
1 min read

Со банкрот се соочува фирмата MyWorld International AG која е истовремено сопственик и на фирмата MyWorld Macedonia чиј сопственик е Радован Витошевиќ кој до пред извесно време бил и оперативен директор на MyWorld International AG.

Се обидовме да стапиме во контакт со Витошевиќ, но до почетокот на овие вести одговор сеуште немаме.

Фирмата Lyconet Austria е сопственик на Lyconet Macedonia, чија судбина за иднината е доведена во прашање поради банкротот на MyWorld. Македонскиот претставник и акционер во Lyconet Austria, Зоран Витанов вели дека не може да зборува во име на МyWorld, но за дел од медиумите дал потврден одговор за стечајот.

Според информациите на странски медиуми услугите за користење кешбек преку Lyoness платформата ја следат низа скандали и се целосно забранети во Италија и Норвешка, кадешто се прогласени за функционирање на принципот на илегална пирамидална шема. Овие скандали најчесто вклучуваат измамени инвеститори и  компанијата постојано се обидува да се ребрендира, но скандалите ја следат.

Во Шведска, Полска, Франција, Унгарија, Литванија и Грција се воделе истраги за целата платформа, но официјални одлуки за забрана на користење нема.

Во Швајцарија и Австрија, пак, повеќе судски одлуки и регулаторни тела ја класифицирале платформата како пирамидална шема, но иако формална државна забрана не е донесена, моделот е широко оспоруван и дискредитиран како нелегален и небезбеден.

Фирмата MyWorld Macedonia низ годините бележела раст на приходите, но и големи зголемувања во расходите. Пред три години фирмата остварила профит од 66 илјади евра, а следната година добивката била трипати поголема. Значителен пад на профитот фирмата доживеала лани кога остварила 45 илјади евра.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Драма на плажа во Грција: Човек на даска спасува деца, струјата ги носи кон отворено море (ВИДЕО)

Следно

Започнува Културното лето 2025 во Ѓорче Петров

Latest from Blog

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16 до 18 октомври се одржува

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на
Go toTop