Американската војска подготвена за удар врз картелите

August 20, 2025
1 min read

Претседателот Доналд Трамп, во рамки на својата стратегија за борба против криминалот и миграцијата, планирал да ја ангажира американската војска за директна акција против латиноамериканските нарко-картели, прогласени за глобални терористички организации.

За операцијата биле подготвени три воени бродови – USS Gravely, USS Jason Dunham и USS Sampson, со вклучување на околу 4.000 морнари и маринци во јужниот Карипски регион. Планот предвидувал и дополнителна воена поддршка, како шпионски авиони P-8, воени бродови и најмалку една нападна подморница.

Акцијата требало да трае неколку месеци и да се одвива во меѓународни води и воздушен простор. Американските сили би биле користени за надзор, разузнавање и, доколку се донесе одлука, за таргетирани воени удари против картелите.

Од Венецуела реагираше претседателот Николас Мадуро, кој предупреди дека неговата земја „ќе ги брани своите мориња и небо“ од, како што рече, „нечувствени закани од пропаднато царство“.

Сузбивањето на нарко-картелите беше меѓу главните приоритети на Трамп, кој веќе распоредуваше воени бродови и го засили воздушниот надзор над мексиканските и венецуеланските криминални групи.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БиХ бара од Додик враќање на дипломатскиот пасош

Следно

Ѓорѓиевски: „Советите на Стефановски ќе го обликуваат урбаниот дух на Скопје“

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop