Коњановски најавува нова ера на стадионот „Петар Милошевски“

August 19, 2025
1 min read

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информира дека работите на стадионот „Петар Милошевски“ се одвиваат со полн интензитет, во пресрет на квалификацискиот натпревар помеѓу младинските репрезентации на Македонија и Италија, кој ќе се одигра на 9 септември.

Во рамки на проектот се изведува санација на постоечките трибини и скали, поставување на нови 4.852 седишта, обработка и премачкување на конструкциите, како и заштита на челичните елементи и санација на настрешницата.

Коњановски истакна дека подготовките се важни не само за претстојниот натпревар, туку и за обезбедување на современи услови за идни спортски настани во Битола.

 

Нашата младинска репрезентација ќе ја пречека силната селекција на Италија во рамките на квалификациите за Европското првенство. Во групата, покрај Македонија и Италија, се наоѓаат и селекциите на Црна Гора, Полска, Шведска и Ерменија.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Дали вашата љубов завршила? Ова се знаци што не треба да ги игнорирате

Следно

Омерагиќ им ја симна најтешката обврска на клубовите – нема котизација во Втора лига

Latest from Blog

„Фараоните“ ги запреа „Црвените ѓаволи“: Белгија и Египет поделија по бод (ВИДЕО)

фото: Belgian Red Devils (X) Фудбалските репрезентации на Белгија и Египет ги поделија бодовите во првото коло од Групата „Г“  играјќи нерешено, 1:1 на стадионот во Сиетл. Белгијците ја имаа улогата на

ЕУ подготвува ново правило: Новите членки без право на вето до 15 години по приемот

Европската комесарка Марта Кос најави можност новите членки на ЕУ привремено да останат без право на вето во клучни области како надворешната политика, безбедноста и буџетот. Европската Унија размислува за воведување нови
Go toTop