Што досега е познато за двојното убиство во Старата скопска чаршија

March 7, 2023
1 min read

Сторителите маскирани влегле во барот и пукале кон двајцата убиени. Тие починале на самото место, а во пукањето имало и трет ранет кому му е пружена лекарска помош и е пуштен на домашно лекување

Двајца убиени и еден ранет кој е надвор од животна опасност и е пуштен на домашно лекување е исходот од синоќешното пукање во угостителски објект во Старата скопска чаршија.

Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш излегоа на терен, а досега во јавноста излегоа само со првични информации за настанот.

Од она што може да се дознае од нивните сознанија е дека пукањето се случило околу 20 часот, а двајцата убиени починале на самото место.

Пријавата во полиција стигнала во 20:11 часот, а двете жртви се со иницијали Ј.К. и Е.И., додека ранетиот е А.Т.

Засега нема многу информации за напаѓачите, а според она што го соопшти Обвинителството, станува збор за неколку маскирани лица кои со огнено оружје влегле во барот и пукале кон двајцата убиени.

„Фиксирани се траги на лице место, а јавниот обвинител ги издава сите потребни наредби и насоки со цел да се обезбедат докази кои ќе помогнат за расчистување на настанот и за откривање на идентитетот на сторителите“,

рекоа доцна синоќа од Обвинителството.

Според неофицијални информации, сторителите веднаш по убиството избегале со автомобил марка „ауди 6“, кое потоа било пронајдено запалено. Дел од медиумите синоќа јавија дека запаленото возило било пронајдено во Шуто Оризари, додека други наведоа дека тоа било во Визбегово односно на скопската обиколница.

Неофицијалните информации, исто така, го открија и идентитетот на убиените – Јетон Кривањева и Енес Исени. Двајцата наводно се наоѓале на вториот кат од угостителскиот објект каде биле пронајдени од сторителите.

За инциденти со кои се поврзува Кривањева, како што објавија и синоќа дел од медиумите, во јавноста се пишувало и претходно. Тој наводно бил дел од групата кон која се пукаше во вооружен напад во хотелот „Александар Палас“ во 2019 година.

За третиот ранет, пак, доцна синоќа информации соопштија од Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (старата Градска болница). Според изјавата оттаму, тој со приватно возило бил примен во болницата околу 20:15 часот и имал две рани. Едната, помала, на левото стапало, додека поголема имал на десната потколеница. Раните му биле обработени, направени биле потребните снимања и преврски и поставена му е имобилизација, по што е пуштен на домашно лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

МВР за двојното убиство во Стара чаршија: Пукано е кон три лица, двајца починале на лице место

(ФОТОГАЛЕРИЈА) По двојното убиство, врие од полиција кај Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Неколку полициски комбиња пристигнаа на местото на двојното убиство, тече увидот кај Старата чаршија

Детали за двојното убиство: Напаѓачите влегле маскирани, фиксирани се траги на лице место

Третиот ранет во Стара чаршија е пуштен на домашно лекување: Имал две прострелни рани

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Заврши сезоната за ѕвездата на ПСЖ

Следно

Убијците од Скопската чаршија избегале со „Ауди“ кое го запалиле на излезот од Скопје

Latest from Blog

Јаневска: Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување на младите, туку сфери за личен развој и вработување

Во 7 изминати години имаме 17 илјади ученици и 7 илјади студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина. За овие

Скопје доби ново летно кино на покривот на Сити мол

Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс го отворија првото летно кино под отворено небо на покривот од трговскиот центар. Скопје е побогато за уште едно градско летно доживување, каде свечено беше отворено првото „Rooftop Open Air

Прилепскиот основен суд под лупа на ревизија на финансиското работење во 2023 година

Прилепскиот основен суд во поголем дел не доби позитивно мислење во врска со финансиските извештаи за 2023, а со резерва е прифатена нивната усогласеност. Ова е констатирано по ревизијата на финансиските извештаи

Ердоган: Сè поагресивните политики на Израел го загрозуваат регионалниот мир

ИСТАНБУЛ (АА) – Сè поагресивните политики на Израел под сегашната администрација го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Тој ги даде овие изјави
Go toTop