ВМРО-ДПМНЕ: И Фрчкоски се опари од Еразмус+, што одработил за СДС за 200 илјади евра кои, наместо кај младите, завршиле кај него

August 17, 2025
1 min read

На СДС институциите им служеле само за личен профит на поединци. Таков е и примерот со Еразмус+ со која раководеше кадарот на СДС, Лидија Димова, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Димова и Зоран Заев со пари од Еразмус+ си ги плаќаа послушните и подобните кои требало да им завршат некоја работа или пак јавно да ги бранат. Покрај што со пари од агенцијата, преку Лазар Нанев, Заев си ја купуваше слободата исто така си ги плаќаше и неговите идеолози и јавни поддржувачи. Имено, преку истоимената агенција чиишто финансиски средства се наменети за образовни програми, Заев и Димова доделиле 200 илјади евра на идеологот Фрчкоски. Наместо за образовни програми за младите, парите завршиле за проект на кој што конкурирал Фрчкоски. А каде е сега тој и какви образовни програми и проекти реализирал за младите, никој не знае. Секако затоа што тие пари не се земени за проекти за младите, туку тие, најверојатно, се исплата за тоа што Фрчкоски одработувал и уште одработува за СДС. Тој со години е најгласен, кога по нарачка на СДС, треба да се нападне, шиканира или извреѓа некој нивен неистомисленик. Тој е протеже преку кого СДС ги изнесува на површина работите кои ги мисли, а не сака јавно да ги кажува. Тоа е начинот на работа на СДС и начин на кој ја користел Еразмус +. За одработување на партиски цели и интереси биле плаќани судии, професори и некакви така наречени експерти, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

На површина излегуваат сите работи кои ги правеле СДС, Заев и Димова и како ги користеле институциите и нивните финансии за плаќање на нивни поддржувачи и штитеници, додаваат од владејачката партија.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Меси се врати со гол и победа за Интер Мајами! (ВИДЕО)

Следно

Овие детали откриваат дали сте навистина среќен пар

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop