СДСМ ГО ПЛАЌАЛ ФРЧКОСКИ ПРЕКУ ЕРАЗМУС+? Заев и Димова му дале 200.000 евра преку проект, обвинува Манасиевски

August 16, 2025
1 min read

СДСМ си го плаќал идеологот Љубомир Фрчкоски, со 200 илјади евра преку Еразмус +, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ денеска праша дали Фрчкоски уште одработува за овие пари.

„Еразмус + на Лидија Димова и Зоран Заев дале 200 илјади евра на проект на кој конкурирал Фрчкоски. Каде е сега тој? Фрчкоски со години е најгласен протеже на СДСМ, тој ги изнесува на површина работите кои СДСМ ги мисли, а не сака јавно да ги каже.

Секогаш кога треба некој да се навреди, да се нападне или да се шиканира, тука е Фрчкоски. Ова е начинот на кој СДСМ ја користел Еразмус +. Плаќани биле судии, професори, и квази експерти. Во СДСМ владее страв и паника, бидејќи излегуваат на виделина сите работи кои ги правеле СДС, Заев и Димова“, тврди Манасиевски.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието не ги донесе измените на Изборниот законик

Следно

Меџити од Кичево: Промената започнува со ВЛЕН и Фатмир Лимани

Latest from Blog

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.
Go toTop