ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев, овој пат за луксузната јахта вредна 850 илјади евра со која пловат по Егејот

August 15, 2025
1 min read

Како и многу пати до сега, СДС пак избра да молчи кога станува за скандали во кои е фатен неговиот претседател, Венко Филипче. Како многу пати до сега и овој пат во скандалот се вклучени и Филипче и поранешниот претседател на СДС, Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението, партијавта наведува дека после златните визи, инвестициите во 50-катницата, приватната забава во луксузен хотел во Дубаи на кои на уво им пее Харис Џиновиќ, сега Филипче и Заев задно уживаат и крстарат на луксузна јахта по Егејското море.

-Неколку дена ги прашуваме СДС и Филипче да дадат коментар за овој скандал, да кажат дали јахтата е на Заев и чини 850 илјади евра и со кои пари е купена? Дали можеби со пари од државни тендери?

Но, тие збор не кажуваат. Молкот може да значи потврда на поставените дилеми, но СДС и Филипче им должат одговори на македонската јавност, особено откако за време на нивна власт народот го осиромашија, а државата ја донесоа на раб на банкрот.

СДС и Филипче се должни да одговорат, особено што со Заев го продолжуваат блискиот и партнерски бизнис однос, така што во Бугарија имаат фирми на иста адреса, а нивните браќа имаат заедничка фирма за производство на струја.

Дополнителна причина за што должат одговори е тоа што фирмата на Заеви во Бугарија, каде комшија е Филипче, се поврзани со тендери во Македонија, а можеби со пари од овие тендери е купена и луксузната јахта.

Врските и бизнис зделките на Филипче со Заев се безбројни и затоа на македонската јавност им должат одговори.

Ако продолжат да молчат, СДС и Филипче само ќе потврдат дека се фатени инфлангратно во скандал и луксузни уживања со пари спечалени на сомнителен начин, а можеби и од државни тендери, стои во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руски воен авион вреден 50 милиони долари се урна во Црното Море

Следно

Подобрена ситуацијата со пожарите на Пелопонез и Хиос

Latest from Blog

Шилегов со барање за преиспитување на обвиненијата за „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата, повикувајќи се на економичноста на постапката и на најновиот брифинг од

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгородската област

Во напад на украински дрон врз приватна куќа во Стари Оскол во Белгородската област загинаа двајца цивили, изјави денеска гувернерот на таа област, Вјачеслав Гладков. – Избувна пожар, што доведе до делумно
Go toTop