Руски воен авион вреден 50 милиони долари се урна во Црното Море

August 15, 2025
1 min read

Руски борбен авион Су-30СМ се урна во близина на Змискиот остров. Остатоците се пронајдени, но по пилотите се уште се трага. Украинската разузнавачка служба наведува дека контактот е изгубен во средината на мисијата од непознати причини, пишува „Киев пост“. Според соопштението на украинската морнарица, контактот помеѓу авионот и пилотот е изгубен за време на летот во близина на Змискиот остров.

Змискиот остров, кој неодамна го посети генерал-потполковник Кирило Буданов, началник на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ХУР), е едно од клучните места ослободени од руската окупација за време на успешните украински операции.

Разузнавачката служба на украинската морнарица објави на Телеграм дека пресретнала руски радиокомуникации во кои се споменува губење на контакт со Су-30СМ за време на мисија југоисточно од Змискиот остров.

„Авионот се урнал од непознати причини“, се вели во извештајот.

Руските сили започнаа операција за пребарување и спасување. Остатоците од авионот беа пронајдени во морето, но пилотите не беа пронајдени.

Су-300М е повеќенаменски ловец од генерација 4+ развиен од руската корпорација Иркут. Може да носи 8000 килограми оружје, наведувани ракети и бомби и вооружен со автомотски топ ГШ-30-1 од 30 мм.

Има можност за полнење гориво во воздух, постигнува максимална брзина од 2.125 км/ч, максимална висина од 17.300 метри и има борен радиус од 1500 килемтри. Според истражувачката група „ИнформНапалм“ Русија моментално има 130 такви авиони, а секој од нив се проценува дека чини околу 50 милиони долари.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Десетици уапсени во Вашингтон по одлуката на Трамп за испраќање на Националната гарда

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев, овој пат за луксузната јахта вредна 850 илјади евра со која пловат по Егејот

Latest from Blog

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено
Go toTop