Денеска започнува аплицирањето за субвенциониран студентски оброк

August 15, 2025
1 min read

Од денеска, 15 август, започнува аплицирањето за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година. Рокот за пријавување за сите студенти е до 5 септември 2025.

Право на пријавување имаат редовни студенти од прв и втор циклус, како и од интегрирани студии на јавни и приватни универзитети во државата, кои се државјани на Северна Македонија и немаат месечен приход поголем од минималната нето-плата.

Аплицирањето се врши електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, со задолжително прикачување на пополнета пријава и изјава за точност на податоците. Финансиската поддршка изнесува 140 денари дневно за купување храна, од понеделник до сабота, и не се исплаќа во периодот 1 јули – 1 октомври.

Исплатите ќе се вршат преку Шпаркасе банка, а студентите кои ќе го добијат правото ќе треба да потпишат договор за отворање на посебна сметка со наменска платежна картичка.

Мета.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти, инспекциите на терен

Следно

Десетици уапсени во Вашингтон по одлуката на Трамп за испраќање на Националната гарда

Latest from Blog

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја

Николоски: Македонија добива брза пруга на коридор 10 со возови до 200 км/ч

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот

Скопје – Атина за пет часа: Николоски најави железничка револуција

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот
Go toTop