Енергетски напредок: Македонија за два месеца издаде 107.666 зелени гаранции

August 14, 2025
1 min read

Македонија во првите два месеца од почетокот на издавањето гаранции за потекло на електрична енергија издала вкупно 107.666 вакви потврди, соопшти Националниот оператор на пазарот на електрична енергија (МЕМО).

Регистарот на гаранции за потекло беше успешно воспоставен во април годинава, а на 26 мај МЕМО официјално ги издаде првите гаранции за електроенергија произведена од хидроелектрани на државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ). Во јуни беа издадени 56.620 гаранции за хидроелектрани, а во јули 51.046 за фотонапонски електрани.

Гаранциите за потекло се однесуваат на осум електрани – хидроелектраните „Козјак“ и „Света Петка“ и соларните централи „Осломеј“, „Долани солар“, „ЕВН солар 1“, „Штип солар“, „Црн камен 1“ и „Црн камен 2“.

 

МЕМО истакнува дека системот е усогласен со националните и европските прописи, обезбедувајќи безбеден и стандарнизиран процес за издавање, пренос и активирање на гаранции за потекло. Овие електронски документи им овозможуваат на потрошувачите да добијат потврда дека одреден дел од електричната енергија што ја користат е произведена од обновливи извори.

Системот е воспоставен во соработка со компанијата Grexel, а правилата се усогласени со Европскиот систем за енергетска сертификација (EECS) и стандардите на Асоцијацијата на тела за издавање гаранции за потекло (AIB).

Секретаријатот на Енергетската заедница работи на регионален систем за гаранции за потекло во девет земји, а досега вакви регистри покренаа Албанија, Црна Гора, Грузија, Република Српска и Северна Македонија.

Извор: balkangreenenergynews

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведени две лица во Куманово и Тетово за предизвикување на пожар

Следно

Колера во Судан: 40 мртви за една недела, болниците се на работ на колапс

Latest from Blog

Проданоски: Ифтарска средба за граѓаните на Прилеп

По повод светиот месец Рамазан, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, организираше заедничка ифтарска вечера со сограѓани и пријатели од исламска вероисповед. Како што истакна Проданоски, ваквите настани претставуваат потврда дека меѓусебната

Трамп: Не ни треба помош од никого!

„Соединетите Американски Држави беа информирани од повеќето наши „сојузници“ во НАТО дека не сакаат да се вклучат во нашата воена операција против терористичкиот режим на Иран на Блискиот Исток, и покрај фактот

Пониски цени за над 300 лека, меѓу кои и „Ксарелто“ за третман на кардиоваскуларни заболувања

Министерството за здравство ја информира јавноста дека е спроведено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година, согласно важечката методологија за формирање на цените. – Цените на лековите претставуваат клучен
Go toTop