Ливерпул се согласи на трансферот на Леони

August 14, 2025
1 min read

Одбранбениот фудбалер на Парма, Џовани Леони, ќе ја продолжи кариерата во Англија, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.

Според Романо, договорот за 18-годишниот Италијанец е веќе завршена работа. Трансферната сума ќе биде околу 35 милиони евра.

Самиот фудбалер изрази желба да се пресели во англискиот клуб.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 18 милиони евра.

Во сезоната 2024/25, Леони играше на 17 натпревари на сите турнири и постигна еден гол. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Започна уредувањето на нови паркинг-места во Топанско Поле

Следно

Ѓорѓиевски: „Круме Кепески“ добива нов изглед и подобрени услови за учениците

Latest from Blog

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо

Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки. Аеропрскањето не значи

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе
Go toTop