Меџити повика на единство и доверба по повод 24 години од Охридскиот договор

August 12, 2025
1 min read

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес се обрати на свеченоста по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, документот кој во август 2001 година стави крај на вооружениот конфликт и ја отвори патеката кон стабилна и инклузивна иднина за сите граѓани.

Меџити потсети дека месецот август носи силна симболика за државата, бидејќи ги обединува Илинден и Охридскиот договор. „Тие не треба да постојат само во календарот, туку и во нашата колективна свест. Само преку заеднички напори, жртва и дијалог можеме да изградиме функционално, праведно и демократско општество,“ изјави тој.

Тој нагласи дека договорот е визионерски акт и историска обврска за држава во која секој граѓанин е еднаков, претставен и почитуван. „Албанците, Македонците и сите други етнички заедници не се само делови од државата – тие се нејзини соосновачи,“ рече Меџити.

Во пресрет на локалните избори на 19 октомври, тој упати апел за зачувување на довербата, институционалната зрелост и политичката одговорност. „Граѓаните очекуваат работа, а не бучава. Очекуваат решенија, а не оправдувања,“ порача првиот вицепремиер.

Меџити заврши со пораката дека сеќавањето на Охридскиот рамковен договор мора да остане трајна обврска за поправедно, поеднакво и пообединето општество, каде заедничкиот дом – Република Северна Македонија – ќе се штити и унапредува за идните генерации.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето во Тетово

Следно

Шкендија поведе, па убедливо загуби од Карабах

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop