ДПИ: Поголем број од трговците ги почитуваат одлуките на Владата, леб се продава од 28 до 33 денари

March 6, 2023
1 min read

Државниот пазарен инспекторат викендов изврши над 250 надзори и контроли на територија на цела Македонија.

Она што е утврдено од надзорите и контролите е дека поголем број од трговците ги почитуваат Одлуките на Владата. Леб се продава од 28 до 33 денари, зависно од грамажата и градот во кој се вршени надзорите и контролите, a трговците на големо и мало со прехранбени производи, генерално ја почитуваат обврската да го произведуваат и да го ставаат во промет лебот опфатен со Одлуката на Владата, во количина од најмалку 80% од производството на овој леб во месец декември 2022 година.

Онаму кадешто се констатирани прекршувања издадени се вкупно 6 прекршочни платни налози и тоа во висина од над 960.000 денари.

Државниот пазарен инспекторат и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори по Одлуките на Владата. Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој оној кој пробал на било каков начин да изврши прекршување на овие Одлуки.

Апелираме трговците да ја адаптираат цената и доставата на лебот во согласност со Одлуките, бидејќи во спротивно ќе се соочат со казни кои се многу високи, и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината на економскиот субјект, а во надлежност со Законот за трговија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тренчевска: Утврдено е дека семејството на деветмесечното бебе живее во добри услови, Омбудсманот отвори случај

Следно

Рабио го напушта Јувентус: Сакам да играм во ЛШ

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал
Go toTop