Што ќе значи губењето на Бахмут за Украина?

March 6, 2023
2 mins read

Денот на падот на Бахмут главно е прашање на време откако Украинците го загубија Соледар во средината на јануари. Иако градот е речиси срамнет со земја во борбите што не се застанати со месеци, западните аналитичари во последно време тврдат дека неговиот пад не е нешто посебно значаен и има „мала стратешка важност“.

Прашањето на Даниел Дејвис од 1945 е ако е така и задржувањето на Бахмут не е важно, зошто тогаш Украина толку жилаво се бореше за негова одбрана „непрекинато испраќајќи засилувања, дури и откако украинската војска повеќе не можеше да го одбрани.“ Во средата украинските власти прв пат споменуваат дека „можеби ќе ја повлечат војската“ од Бахмут, а во петокот беше објавено дека војската ги уништила последните два моста кои го снабдуваат градот.

Процената на Дејвис е дека на краток рок губењето на Бахмут нема многу да смени, „само времето ќе каже, но долгорочните последици за Украина можат да бидат посериозни.“

Дејвис пишува дека на украинската армија одамна и е јасно дека нема да може на долг рок да го одбрани Бахмут заради што уште во мај 2022 почнува со изработка на нова одбранбена линија во областа Словјанск-Краматорск.

„По губењето на Соледар во јануари и бројот на војници што Русија го одвојува за освојувањето на Бахмут на почетокот од февруари, украинските лидери можеа мирно да ги повлечат своите сили од градот на нови позиции на Словјанск-Краматорск линијата уште на почетокот на февруари.

Да го направеше тоа украинската војска ќе спасеше илјадници животи и ќе заземеше добро утврдени позиции на 40 километри на запад. Наместо тоа, украинската команда донесе резервисти од северот кои претходно беа подготвувани за офанзивни операции во правец на Сватово-Кремина и од југот од сили позиционирани за започнување на пролетна офанзива од Запорожје за освојување на Мелитопол.

Загубите што Украина ги претрпе во последните два месеца засилувајќи ја одбраната на Соледар и Бахмут не може лесно да бидат надоместени и ги загрозуваат нивните офанзиви со тоа што ќе имаат помалку достапни сили за истите,“ пишува Дејвис.

Тој потсетува на интервју на генералот на украинските сили, Валериј Залужниј, дека за да можат да стигнат до Мелитопол, ќе им бидат потребни 300 нови западни тенкови, 700 оклопни возила за пешадија и 500 хаубици. До сега Украинците имаат добиено ветување за една третина од тенковите и уште помалку оклопни возила и хаубици. Од тоа што им е ветено, едвај два баталјона ќе им бидат достапни на силите на Залужниј дури кон крајот на летото.

„Ова значи дека ако има украинска пролетна офанзива која со освојување на Мелитопол за половина треба да ја намали руската окупација, тоа треба да биде изведено со помал број на обучени војници отколку што имаа во декември, и само со симболичен број на модерни оклопни возила. Минатиот месеци украинското разузнавање тврдеше дека Русија има насобрано сила од повеќе од 300.000 војници во Украина, неверојатни 1.800 тенкови, речиси 4.000 оклопни возила и 2.700 парчиња артилерија.

До овој момент само мал дел од оваа сила е излезена на 1.000-километарскиот фронт,“ пишува Дејвис.

Околу сомнежот на дел од американските експерти во руските капацитети за спроведување на офанзивата, Дејвис потсетува дека на руската воена историја која покажува дека „тие имаат способност и волја да издржат значителни жртви за да исполнат тактички цели.“

Сегашната состојба само го зголемува ризикот со кој се соочува Залужниј ако се одлучи да ги нападне руските сили со помалку луѓе и опрема отколку што планираше. Во исто време најголемите загуби на Русија околу Бахмут моментално се од редовите на Вагнер додека во позадина армијата детално ги утврдува и подготвува одбранбените позиции.

Очекувањето на Дејвис е дека Украинците по падот на Бахмут ќе може да се реорганизираат кај Словјанск-Краматорск, и дека тоа нема да доведе до „залет“ на руската армија, но дека на долг рок Украинците и тоа како ќе го почувствуваат минусот на војници што ги изгубија во одбрана на градот што знаеја дека не може да се одбрани и дека тоа директно ќе наштети на нивните планови за офанзива.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПОЧИНА ГИТАРИСТОТ ГЕРИ РОСИНГТОН, ПОСЛЕДНИОТ ЧЛЕН НА ОРИГИНАЛНАТА ПОСТАВА НА „ЛЕНАРД СКИНАРД“

Следно

Спасовски: Последните дојави за бомби доаѓаат од адреси од Иран и Русија, а уплатите за ВПН-услугите се извршени со крипто-валути

Latest from Blog

Мицкоски по повод 9 мај – Денот на Европа: Го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 9 мај – Денот на Европа. Како што вели, денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи. „Нека ни

Косово: ДПК, ДСК и АБК потврдија дека ќе учествуваат на состанок кај претседателката Османи

Демократската партија на Косово (ДПК), која ја повика претседателката на Косово Вјоса Османи да свика средба со партиите за да се разговара за ситуацијата во собранието, потврди дека ќе учествува на состанокот

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова

Во земјава се одбележува 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, владина делегација денеска ќе положи цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта Бутел во Скопје.  Во делегацијата ќе бидат заменик претседателот
Go toTop