Наслов: Стаменкоска Трајкоска: Реализираме проекти што им служат на децата и идните генерации

August 8, 2025
1 min read

Денеска, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, го посети просторот кај ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево, каде што наскоро ќе започне изградбата на нова спортска сала за учениците.

Салата е дел од вкупно 22 проекти што се обезбедени за општина Кисела Вода, а како што истакна пратеничката, оваа инвестиција е резултат на координирана и одговорна соработка помеѓу централната и локалната власт.

Со јасна цел – да создадеме подобри услови за воспитување и развој на децата. Нашата работа не завршува во собраниската сала. Таа продолжува тука, на терен, со реални чекори и видливи резултати“, нагласи Стаменкоска Трајкоска.

 

Таа подвлече дека секоја инвестиција во младите е вложување во иднината на државата, додавајќи дека ваквите проекти се доказ дека кога има волја и визија, има и резултати.

Новата спортска сала ќе обезбеди современи услови за физичко образование и спортски активности, со што ќе се поттикне здрав развој и активно детство кај учениците од ова основно училиште.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кулата на Водно влегува во завршна фаза – по 12 години изградба, кранот се симнува за 10 дена

Следно

Дурмиши: Обезбедуваме попусти до 15% за училишен прибор, вистинска поддршка за семејствата пред учебната година

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop