Коњановски најави музички спектакл: „Кларинетска одисеја“ утревечер на Бит Фест

August 6, 2025
1 min read

„Битола е град кој има публика за вакви настани“, изјави градоначалникот Тони Коњановски, најавувајќи го концертот „Кларинетска одисеја“, што ќе се одржи утревечер во античкиот локалитет Хераклеја, во рамките на БИТ ФЕСТ. Настанот, поддржан од Министерството за култура и туризам, се реализира како дел од повикот за креативни индустрии и претставува пример за успешна меѓуинституционална соработка.

„Ова е најава за спектакл на нашите виртуози, наше – а светско. Настан што, со гордост можам да кажам, ќе биде еден од кулминациските моменти на Битолското културно лето. Присуството на четворица мајстори на кларинетот, меѓу кои и битолчани и велешанец, значи многу за нашиот град и нашата публика“, истакна Коњановски.

Во фокусот на концертот ќе бидат интернационално афирмираните уметници: Исмаил Лумановски, Благојче Трајковски, Горан Бојчевски и Благој Ламњов – музичка четворка со светско реноме, кои за првпат настапуваат заедно во ваков состав. Нивната „кларинетска одисеја“ ќе понуди богата звучна палета од традиционална, класична и современа музика, а концертот ќе биде збогатен и со вокални изведби од хорот „Коруновска Арс Нова“, поезија од Зоран Пејковски, како и настапи од врвни инструменталисти.

 

Коњановски истакна дека БИТ ФЕСТ веќе прераснува во репер-настан за културниот календар на земјата. „Минатиот месец Битола беше домаќин и на светската ѕвезда Армин ван Бурен, но и овој концерт покажува дека нашиот град не живее само за едно музичко искуство – туку за културна ренесанса. Горд сум што Битола може да прими и да препознае уметност од ваков калибар“, рече тој.

Концертот „Кларинетска одисеја“ ќе се одржи на 7 август, со почеток од 21:00 часот, а организаторите најавуваат вечер исполнета со емоции, музика и културна гордост.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гаши не слушнал националистичко скандирање на натпреварот Шкендија-Карабах

Следно

Омерагиќ го оствари ветувањето – ВАР системот пристигна во македонскиот фудбал

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа

Мбапе демантира: „Не е вистина дека во Реал ми прегледувале погрешно колено!“

ФОТО:Real Madrid C.F./FB Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, издаде соопштение за да ја разјасни својата физичка состојба и односот со својот клуб. Тој ги коментираше шпекулациите околу неговото здравје и
Go toTop